12.8 C
Скопје
15:17 - 23 април, 2024

Џими Хендрикс го објави вториот сингл со хитот „Purple haze“, „Дивље јагоде“ го промовираа првиот албум со Тифа и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

На денешен ден низ музичката историја, како на овие простори, така и на светско ниво, се родени значајни имиња во оваа индустрија, а објавени се и неколку важни албуми и песни кои се хитови до денеска.

Во продолжение прочитајте за сите настани во историјата на музиката кои се случија на 17 март:

1949 година – Роден Југослав Влаховиќ, рок музичар, карикатурист, илустратор и дизајнер.

1956 година – Роден Александар Саша Хабиќ, познат белградски рок продуцент и автор.

1967 година – Три години по премиерниот „Hey Joe“, објавен е вториот сингл на Џими Хендрикс со песната „Purple Haze“, која не се појави на ниту еден од следните три негови студиски албуми, но е една од најчестите нумери на речиси сите компилации кои содржат негов репертоар.

Песната е сместена во „Grammy hall of fame“, како еден од најголемите гитарски броеви. Хендрикс тврдеше дека стиховите немаат никаква врска со дрога, но тешко е да се верува дека не постоело влијание, бидејќи се чини дека зборовите на оваа песна јасно зборуваат за консумација на ЛСД.

1967 година – Роден Били Корган, вокал и гитарист на групата „Smashing pumpkins“.

1967 година – Објавен дебитантскиот истоимен албум на американската блус-рок група „The grateful dead“.

1988 година – Југотон го издаде албумот „Коњи“, кој е дело на хард рок групата „Дивље јагоде“. Изданието е снимено со новата постава, која ја сочинуваа пејачот Младен Војичиќ Тифа, клавијатуристот Владо Подани и тапанарот Един Шеховиќ, што значеше дека само Сеад Липоваќа-Зеле и басистот Златан Чехиќ останаа како членови од оригиналниот состав на бендот. Најголеми хитови од овој албум станаа баладите „Заувјек твој“ и „Осјечам гола си испод халјине“.

1990 година – Почина Рик Грех, басист кој свиреше со групите „Family“, „Blind faith“, „Ginger bakerс air force“ и „Traffic“.

Слични објави

(Видео+фото) Ќеркичката на Никола Роквиќ плаче додека се збогува со својот татко кој тргна пеш за Грција на пат долг 1.150 километри

Еспресо

(Фото) Марко „Дај побрзај“ стана татко: Се родија близнаците Вања и Веда

Еспресо

(Фото) Прошталната порака на ќерката на Бојана Јанковиќ ја кине душата: Наследничката на покојната водителка се скрши! 

Еспресо

(Фото) Дали ќе го препознаете? Ќерката на Ален Делон сподели како изгледа денес

еспресо

Цеца и Жељко Јоксимовиќ снимаат дует: На радост на фановите, веќе влегоа во студио!

еспресо

Астропрогноза за вторник, 23 април: Овните да ги контролираат зборовите, Стрелците да побараат прошка

еспресо
Се вчитува....