23.8 C
Скопје
14:06 - 29 март, 2024

Џејмс Камерон го претстави концептот, но никој не се возбуди поради продолжението на „Аватар“

Режисерот Џејмс Камерон го претстави концептот според кој ќе се снима продолжението на „Аватар“, но реакциите на социјалните мрежи не беа какви што тој очекуваше.

Наместо да предизвика возбудување кај обожавателите, Камерон беше критикуван поради 10-годишното растојание меѓу филмовите. Првиот филм „Аватар“ излезе во 2009 година, додека неговото продолжение беше одложувано неколкупати.

Фотографиите што прикажуваат како ќе изгледа „Аватар 2“ беа претставени на Саемот на потрошувачка електроника 2020 во Лас Вегас, а потоа беа објавени и на официјалниот профил на „Аватар“.

– Нема да се вратите на Пандора – ќе истражувате нови делови од светот – пишува под фотографиите.

– Дали некој воопшто се сеќава што се случуваше во „Аватар“? – е еден од коментарите на Твитер.

– Мислев дека Камерон веќе снимил 5 или 6 филма во меѓувреме – вели друг твитер-корисник.

Секако, се јавија и многубројни фанови кои едвај го чекаат излегувањето на филмот.

– Важната работа за мене не е кога ќе излезе филмот, туку процесот на неговото настанување – изјави режисерот и додаде дека би сакал кога продолженијата на „Аватар“ би биле пуштени со најмало можно растојание.

Зои Салдана повторно ќе се најде во улогата на принцезата Нејрити, а Семјуел Ворингтон ќе го глуми Џејк Сали.

Камерон истакна дека продолжението ќе има „семејно-затворска“ тематика, што и да значи тоа.

Најави дека секое продолжение ќе биде филм за себе.

– Во случај да спаѓате во тие три отсто од луѓето што не го гледале првиот дел. Сместен неколку години по случувањата во првиот дел, Сали сега е поглавар, а Нејрити големата свештеничка на нивниот клан, иако случувањето околу филмот ќе се одвива околу нивните деца – објасни Камерон.
Со оглед на фактот дека пишувањето на сценариото трае многу долго, како и подготовката на филмот, сето ова лесно може да биде променето.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....