11.8 C
Скопје
01:05 - 24 април, 2024

Спецофаи и ципуро на сопствен „посед“ од песок, море и сонце

Хорефто се наоѓа под селото Загора, во планинаската област Пилион, полуостров на оддалеченост на 57 километри од градот Волос. Од далечното минато е познато како пристаниште и посакувана дестинација на рибарите поради кристалното море и богатиот морски свет. Оттука испловувале „Бродовите на Загора“ и пловеле по Егејското Море до многу земји во Европа и Далечниот Исток. Прославите кои ги следеле по враќањето од пловидба, го дале денешното име на ова живописно место – Хорефто, од „хорос“ што значи игра. Како во минатото, и денес, Хорефто е инспирација на многу уметници, а тука познатиот поет Георгиос Дросинис, инспириран од пределите, ја напишал славната збирка песни „Мир“. Токму мирот денес е синоним за оваа летна дестинација.

Јутјуб

Љубителите на велосипедизмот и планинарењето, можат да уживаат во патеките на Пилион кои поврзуваат неколку песочни плажи, а гарантираат предизвик за искачување и неверојатни погледи на морето и природата. Поради планината, летната жештина не се чувствува, а комарци нема.

Твитер

Плажата Хорефто е главната атракција – песочна и долга два километри. Лежалките и чадорите за сонце се бесплатни и следуваат со нарачан пијалак во некои од таверните или кафулињата. Кон северот на плажата има мали, изолирани местенца каде што може потполно да се осамите. Во близина се неколку пештери погодни за истражување, и заливи со мали песочни плажи на кои сигурно ќе бидете сами. Целата област е идеална за нуркање и риболов.

Долж плажата пак, се наредени хотелчиња, апартмани, ресторани, кафулиња, таверни, дуќанчиња за брза храна и палачинки, кои нудат вкусни јадења по цени многу поприфатливи од популарните туристички места во Грција.

Фејсбук

За оние кои сакаат активен одмор, во близина е селото Загора со импресивна (планинска) поставеност, од каде што погледот на морето и природата се незаборавни.

Во близина на плажата Хорефто, на оддалеченост од 5 минути со автомобил или на половина час пеш, се наоѓа плажата Агиа Саранта, позната од грчките разгледници и промотивни брошури. Важи за една од најубавите плажи во овој дел на Грција. Долгата плажа со ситен, бел песок, може да се пофали и со кристално море кое се прелева во две нијанси – зелена и сина. Ја викаат „плажата од соништата“ и има оправданост за тоа. Доволно е изолирана и мирна, никогаш преполна, а опкружена е со бујна природа.

Фејсбук     

Негувањето на традицијата и форсирањето на домаќински понуди, го прави ова место исклучително и поинакво од останатите. Дегустирајте морска храна, но не заборавајте на домашните месени специјалитети, како грчка пита и различни домашни слатка од локалните овоштарници. Всушност, во Хорефто морската храна, доколку сами ја приготвувате, е насекаде на дофат, благодарение на бројните рибари кои секое утро нудат свежа риба и морски плодови. Локалните плантажи со маслинки гарантираат најгусто и највкусно маслиново масло со силна миризба, додека за љубителите на ракиичка неизбежна е „ципуро“, домашна ракија која потекнува токму од оваа област.

Твитер

Пелион на чинија

Пелион си има своја специфична грчка кујна која веројатно нема да ја најдете на ниедно друго место, затоа не смеете да ги пропуштите локалните специјалитети додека сте на „планината на Кентаурите“:
1. Цициравла – специфично мезе направено од млади плодови од диви дрвја на кои раснат ф’стаци, собрани во април и закиселени со оцет и лук.

Фејсбук

2. Пире од фета сирење во портокалова нијанса познато како „копанисти волу“.

Фејсбук

3. Прежено колицијани – морско цвеќе (морска анемона), се служи како мезе и ќе ја донесе на вашата трпеза аромата на морето.
4. Бубари – локален спирален колбас печен во рерна, се служи со компири. Колбасот е наполнет со ориз и говедско месо, вклучувајќи ги срцето и белите дробови.
5. Спецофаи – манџа од домашни домати што се варат во екстра-девствено маслиново масло од Пелион, со локален колбас и сечкани зелени пиперки.

Јутјуб

6. Фирики – слатко од мали јаболчиња од Загора, се служи со лажичка со филџан грчко кафе.
7. Баклава – кралица на десертите, во овој регион се прави со бадеми наместо со ореви, а е крунисана со каранфилче. Сопствениците на таверните понекогаш ја послужуваат на крајот од оброкот како благодарност што сте им гости.

Јутјуб

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ мами воздишки во Мадрид: Ќе ве заболи глава кога ќе дознаете колку чини накитот кој го носи!

Еспресо

„Не знам како ќе заврши ова“: Марија Шерифовиќ ја откри причината зошто ја нема во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

(Видео) „Дува силен ветар, ама…“: Се огласи Никола Роквиќ од патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Први фотографии на Раста од болница: Раперот задржан поради големи болки

еспресо

(Фото) Пријател објави приватна фотографија на Дарко Лазиќ и Катарина: Вака не сме ги виделе

Еспресо

Раста итно примен во болница

Еспресо
Се вчитува....