20.8 C
Скопје
11:32 - 28 март, 2024

Дали ова ќе биде најстрашниот хорор филм за 2020 година? (ВИДЕО)

Оваа година ќе ни понуди изобилство на филмови кои предизвикуваат страв и ужас, но судејќи по морбидниот трејлер, „Antebellum“, веќе се издвојува како филм кој би можел и да го добие епитетот „најстрашен“, кога се во прашање хорор приказните за 2020 година.

Не се познати никакви детали за сценариото, освен тоа дека режијата ја потпишуваат Џерард Буш и Кристофер Ренц, а ќе им се придружи и Шон Мекитрик, познат продуцент на хорор филмови, кои веќе ни донесоа многу возбудливи моменти.

Ниту самиот трејлер не открива многу за филмот, а она што може да се заклучи е дека филмот ја следи приказната за успешна писателка која е заробена на југ во Америка во период пред избивање на граѓанска војна, која се води поради ослободување на афроамериканските робови.

„Antebellum“ инаку е латински збор кој означува предвоен период.

Главната улога во филмот ја доби талентираната актерка и пејачка Џанел Моне, а пред камерата и се придружуваат уште и Џена Малоун, Ерик Ланг, Џек Хјустон, Криси Клемонс и Габореј Сидибе.

Премиерата на филмот е најавена за 24 април во САД.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....