5.8 C
Скопје
04:42 - 20 април, 2024

Дали Клеопатра навистина ја убила змија?

Сè што денес знаеме за смртта на египетската кралица е она од мемоарите на Октавијан. Но постојат нелогичности кога е во прашање теоријата дека Клеопатра ја каснала змија.
Се чини дека смртта на Клеопатра била драматична како и нејзиниот живот.
Откако египетската кралица и нејзиниот долгогодишен љубовник, римскиот генерал Марко Антониј, ги виделе нивните заеднички сили поразени во битката кај Актиј во 31 година п.н.е, се повлекле во Александрија. Неколку месеци подоцна, кога Октавијан „тропнал“ на вратата на Александрија, очајниот Марко Антониј се прободел со сопствениот меч, пишува Хистори.
Соочена со можноста да го загуби кралството, и самата Клеопатра се самоубила на 10 август во 30 година п.н.е., дозволувајќи отровната змија да ја касне нејзе и нејзините две слугинки.
Но, дали навистина било така?

Што е создадена слика, а што реалност?

Историските докази за смртта на Клеопатра, како и поголемиот дел од нејзиниот живот, се прилично оскудни. Оние кои собрале најмногу докази за нејзиниот живот, а посебно римскиот писател Плутарх, живееле со генерации после нејзината смрт. Поетите, драматурзите и филмските сценаристи подоцна ги искористиле овие извори за да изградат од Клеопатра митски лик во голема мера дефиниран со нејзината моќ на заведување и нејзините односи со двајцата римски водачи, Јулие Цезар и Марко Антониј.

Таквите измислени приказни за нејзиниот живот и прераниот пад, создале популарна слика за убавата Клеопатра, осудениот лик на една од најпознатите романтични драми.
Зад таа слика меѓутоа стоела вистинската личност – кралицата, која без оглед на својот изглед, сигурно била одличен лидер и една од најмоќните членови на грчката династија која доминирала во Египет цели три века.

Што знаеме за смртта на Клеопатра?

Откако римските сили ја поразиле египетската војска во битката кај Актиј, Антониј и Клеопатра се повлекле во Александрија. Станале сведоци како нивните поранешни сојузници и приврзаници преминале на страната на Октавијан. Го основале друштвото „Дружина до смрт“. Клеопатра имала двокатен мавзолеј, веднаш до храмот посветен на нејзиното алтер его, божицата Изида.
Кога силите на Октавјан стигнале до Александрија, Клеопатра се повлекла во својот мавзолеј. Откако Марко Антониј слушнал дека умрела, се прободел со сопствениот меч. Неговите луѓе го однеле до Клеопатра и тој починал во нејзината прегратка.
Според Плутарх, член на персоналот на Октавијан тајно ја предупреил Клеопатра дека на 9 август генералот планира да се врати во Рим и да ги однесе со себе Клеопатра и нејзините деца. Следниот ден Клеопатра се затворила во мавзолејот со двете слугинки, Ирас и Чармиона и му пратила писмо на Октавијан, кој тогаш веќе бил во Александрија, најверојатно во палатата на кралицата.

Отворајќи го писмото на Клеопатра, во кое барала да биде погребана покрај Марко Антониј, Октавијан веднаш ги пратил своите луѓе во потрага. Кога ја скршиле вратата на мавзолејот, го затекнале безживотното тело на Клеопатра на златниот кревет, а нејзините две слугинки лежеле мртви покрај неа.

Кога умрела, Клеопатра имала 39 години и владеела со Египет повеќе од 20 години.

Теоријата за змиското каснувањето

Според најчесто повторуваната теорија за смртта на Клеопатра, таа умрела од каснување од отровна змија, поскок или египетска кобра. За неа тоа би било поетично самоубиство: поскокот за Египјаните е симбол на кралевите, додека кобрата е поврзана со нејзината омилена божица Изис.

Според современите египтолози, постојат неколку спорни работи поврзани со оваа теорија. Како прво, кобрите се долги најмалку еден и пол метар, а можат да пораснат и до два метри. Тоа значи дека кобрата била преголема да се „прошверцува“ во мавзолејот на Клеопатра во корпа за смокви, како што се раскажува.
Покрај тоа, сите каснувања од змија не се смртоносни, а оние кои се, убиваат полека и мачно. Затоа е тешко да се поверува дека змијата успеала да ги убие Клеопатра и нејзините две слугинки за толку кратко време, колку што му требало на Октавијан да ја прими пораката и да ги испрати стражарите.

Ако се отрула сама, најверојатно испила смртоносна билна крема или се намачкала со отровна маст, како што сугерира древниот историчат Страбо.
Било што од ова би ги убило нејзе и нејзините слугинки побрзо и поефикасно од каснување од змија.

Дали било самоубиство?

Без очевидци и првични пишани извештаи за смртта на Клеопатра, повеќе од она што се знае потекнува од самиот Октавијан, за кого некои тврдат дека и самиот е осомничен. Секако дека имал мотив да ја посакува нејзината смрт, бидејќи била харизматична кралица, претставувала потенцијална закана за доминација во Египет.
Без оглед на тоа дали Октавијан го наредил убиството на Клеопатра или само и дал простор сама да се убие, она што се случило подоцна е јасно:

Тој им наредил на своите стражари да го убијат Цезарион, синот тинејџер на Клеопатра, чиј татко бил Цезар. Со тоа го отстранил секое прашање за тоа дали детето треба да ја наследи мајка си на престолот.
Потоа Октавијан како цар, го направил Египет римска провинција, а подоцна, го сменил своето име во Август. Во своите мемоари, Октавијан Август се осигурал неговата верзија за смртта на Клеопатра да се раскажува во вековите кои следат.
Што се однесува до случувањата во мавзолејот, зборовите на Плутарх можеби се и најдобри:
„Вистината никој не ја знае“.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо
Се вчитува....