Брутални изјави на д-р Хаус што ќе ве освестат, но и ќе ве насмеат: Ако никој не ве мрази, очигледно правите нешто погрешно!

„Д-р Хаус“ е американска телевизиска серија на авторите Дејвид Шор и Пол Атанасиј. Главната улога во оваа серија од осум сезони ја имаше Хју Лори, кој со својот изглед го создаде ликот на ексцентричниот лекар со остар ум и јазик.

Во продолжение прочитакте неколку цитати од доктор Хаус кои ќе ве освестат, но и ќе ве насмеат:

„Ако не знаеш да лажеш, не знаеш да препознаеш ниту кога те лажат“.

„Успешните бракови се засноваат на лаги“.

„Работите се менуваат. Но, тоа не значи дека тие ќе се променат на подобро“.

„Сè е грев и сите плаќаме за тоа“.

„Основната вистина на човековото постоење е дека сите лажат. Единствено што варира е причината поради која се лаже.“

„Да се биде нормален е досадно“.

„Ако разговарате со Бога, вие сте религиозни. Ако Бог зборува со вас, вие сте психотични.“

„Работете паметно, а не напорно“.

„Она што мислите за мене нема да ме промени, но може да го промени она што јас го мислам за вас“

„Во исто време, ме забавува и ме нервира тоа што мислиш дека треба да бидам помалку тврдоглав од тебе“.

„Лесно е да го слушаш своето срце. Обиди се да го слушаш мозокот“.

„Ако никој не ве мрази, очигледно правите нешто погрешно“.

„Не постои тенка линија помеѓу љубовта и омразата. Меѓу љубовта и омразата е всушност Големиот Кинески ѕид со вооружени чувари на секои 10 метри“.

„Човечкиот мозок престанува да работи кога мисли дека ќе изгуби некого што го сака“.

„Ако стапите во брак во дваесеттите години, ќе бидете шокирани во триесеттите години од личноста со која всушност живеете“.

„Велат дека не може да се живее без љубов… Мислам дека кислородот е понеопходен“.

„Очите можат да измамат, насмевката може да излаже, но чевлите секогаш ја кажуваат вистината“.

„Кога сакате да ја знаете вистината за некого, тој е последната личност што треба да ја прашате“.

„Луѓето не го добиваат она што го заслужуваат. Тие го добиваат она што го добиваат и ништо не може да се стори за тоа“.

„Можеби мислите дека не сум во право, но тоа не е причина да престанете да размислувате“.

„Реалноста е скоро секогаш погрешна“.

„Вистината започнува со лаги. Размислете за тоа“.

„Јас сум прилично сигурен дека нема да ви се допаѓам. Ништо лично, јас никого не сакам“.

„Мислев дека ќе ги слушам твоите теории, ќе ги исмејам и потоа ќе ги искористам моите. Вообичаено.“

„Ако умирате, одеднаш сите ве сакаат“.

„Добро сум, само не сум среќен“.

„Посреќен сум со мојата несреќа“.

„Не чувствувам ништо и тоа е прекрасно чувство“.

Слични објави

Поранешниот супермодел и на 53 години изгледа исто како пред две децении (ВИДЕО)

Igor

Изборот на храна го диктира вашето здравје – Киселата средина во телото, причина за голем број на болести

Еспресо

6 прашања за Давид од The III of Us

Igor

Кога ќе заборавиш да го исклучиш микрофонот, а имаш „итна“ ситуација! (ВИДЕО)

Еспресо

ВРТОГЛАВИ ХОНОРАРИ! Еве колку ЗАРАБОТИЛЕ српските естрадни ѕвезди летово

Igor

Џеј Ло доби конкуренција! Нејзина колешка го облече познатиот зелен фустан! (ФОТО)

Igor

Остави Коментар

деветнаесет − 10 =

Слични објави

Актерката Кристен Стјуарт на јахта ужива со својата девојка (ВИДЕО)

Igor

Овие фустани станаа тотален хит, а сите јасно гледаат дека овие ѕвезди во нив не носат гаќички (ФОТО)

Igor

Ретко кој знаел: Фросина Ременски ја обожава оваа работа (ФОТО)

Igor

Неуредна коса и 10 килограми вишок: Фановите разочарани од изгледот на Камерон Дијаз (ФОТО)

Еспресо

ТРАНСФОРМАЦИЈА: Маја Оџаклиевска повеќе НЕ ИЗГЛЕДА КАКО ПРЕТХОДНО, коментарите не престануваат (ФОТО)

Igor

Коронавирусот продолжува да прекинува концерти: И „Rolling Stones“ ја откажаа летната турнеја (ФОТО)

Инстаграм