5.8 C
Скопје
06:29 - 18 април, 2024

Брајант и Коелјо заедно пишувале книга за децa: Кога слушнал дека загинал, писателот решил сѐ да избрише

Славниот кошаркар кој загина во сообраќајна несреќа во Лос Анџелес, Коби Брајант, заедно со славниот писател Пауло Коелјо работеле на заедничка книга за деца, но Бразилецот ги избришал нацрт книшките по смртта на Брајант во хеликоптерската несреќа, јавуваат западните медиуми.

72-годишниот писател Коелјо тврди дека тој и Брајант го планирале тој проект уште од 2016 година, кога петкратниот НБА-шампион со Лос Анџелес Лејкерс стави крај на својата 20-годишна кариера.

Книгата почнале да ја пишуваат пред само неколку месеци.

Меѓутоа, како што изјави за медиумите, Коелјо сега не сака да ја заврши книгата сам. 

Фото: Профимедиа

Го избришав нацртот, бидејќи не гледам никаква смисла во објавувањето на книга без него. Тоа не би значело ништо релевантно ниту за него, ниту за неговото семејство, изјави Коелјо, кој живее во Женева.

– Тоа не значи дека еден ден нема да пишувам за нештата кои ги научив од Коби и за тоа дека тој беше човек поголем од животот… Сепак, книга за деца повеќе нема смисла додава славниот писател.

Познатиот бразилски писател, чии книги се продадени во десетици милиони примероци ширум светот, потсети дека идејата за книгата била како да се инспирираат децата од загрозени семејства, односно оние од пониските слоеви на општеството, преку спорт да се изборат за своето место во светот.

Слични објави

(Фото) Сања Маринковиќ без грам шминка: Водителката покажа како изгледа кога ќе се исклучат камерите

Еспресо

Се смирија Мелина и Џина по бурниот период? Еве што направи ќерката на Харис Џиновиќ

Еспресо

„Многу ми се налути“: Јелена Карлеуша откри дека Канје Вест ја блокирал на Инстаграм

Еспресо

(Видео) Александра Пријовиќ се расплака на концерт: Пејачката не можеше да ги запре солзите

Еспресо

Ин мемориам: Почина Антон Андов, уредник на постпродукција на „Слободен печат“

еспресо

Се огласи Тони Бијелиќ по тврдењето дека со Мелина е во Монако: Еве како Харис реагираше на ова

еспресо
Се вчитува....