12.8 C
Скопје
18:03 - 25 април, 2024

Били Ајлиш со јасна порака во песната за најновиот филм за Џејмс Бонд: Нема време за умирање! (ВИДЕО)

EPA

Тинејџерката сензација, Били Ајлиш, стана најмладата пејачка која пее насловна песна за некој филм од франшизата за тајниот агент Џејмс Бонд 007. Станува збор за песната „No time to die“, која веќе доби позитивни критики од јавноста. 

Меланхоличниот глас на Ајлиш придонесува да ве полазат морници кога ја слушате песната.

Обожавателите на франшизата со нетрпение ја очекуваа насловната песна за филмот,  која беше објавена истовремено со новиот трејлер за „No Time To Die“, во кој исто така може да се слушне дел од песната.

Интересно е тоа што Били Ајлиш, која неодамна наполни 18 години,  сама ја напиша и продуцираше песната за филмот.

Фото: Инстаграм

Стиховите во песната, како „Паднав на лага… дали си смрт или рај?“ и „Никогаш нема да ме видиш како плачам“, ги поттикнуваат теориите дека во последниот филм на Крег како тајниот агент 007, ќе биде измамен од Медлин Свон (Леа Сејду), жената во која се заљуби во претходниот филм „Spectre“.

Музичките критичари и колегите музичари се воодушевени од песната на Ајлиш.

The Independent објави дека Бонд нумерата на добитничката на Греми награди е „една од најдобрите во последно време“.

Во продолжение преслушајте ја песната, па сами проценете:  

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....