11.8 C
Скопје
01:55 - 17 април, 2024

Авторката на музиката за „Џокер“ прва жена кандидат за Оскар! (ВИДЕО)

Исландската композиторка Хилдур Гуднадотир е првата жена која самостојно компонирала музика за филм и за тоа доби Златен глобус, а и влезе во потесниот избор за Оскар во таа категорија.

Гуднадотир (37), авторка на музиката за мегапопуларниот филм „Џокер“, води многу мирен живот во Берлин, но веќе почна да се шета по црвениот тепих, откако овој викенд ја доби наградата за најдобра филмска музика на доделувањето на SAG наградите, пренесуваат светските медиуми.

Таа е фаворит за Оскар за филмска музика и има прилика да стане првата жена композитор која се закитила со ова престижно признание, кое како категорија е дел од Оскарите уште од 1947 година.

Инаку, ова остварување во режија на Тод Филипс има 11 номинации за Оскар, а според обложувалниците „Џокер“, но и главниот актер Хоакин Феникс, се главни фаворити за златната статуетка.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....