8.8 C
Скопје
01:14 - 20 април, 2024

Академијата се огласи по острите напади: Еве зошто не го споменавме Лук Пери на доделувањето на Оскарите!

Многу луѓе се вознемирени поради тоа што актерот Лук Пери не беше споменат на овогодинешното оддавање на почит на покојни актери, кои Академијата во својот „Ин Мемориам“ сегмент ги споменува за време на доделувањето на Оскарите.

Поради целото ова и бурните реакции на социјалните мрежи, Академијата излезе со соопштение и образложи зошто не го споменале актерот.

„Академијата прими неколку стотици барања од членовите на семејствата на починатите, но и од колеги од индустријата за во „Ин Меморијам“ сегментот да се стават имињата на нивни драги луѓе. Ексклузивниот одбор во кој има претставници од секоја гранка на индустријата врши избор врз основа на време кое Академијата ќе им го одобри. Сите пријави се поднесуваат на Oscars.com и остануваат на страницата во текот на целата година. На Лук Пери и Камерон Бојс им е оддадена почит во галеријата на страницата Oscars.com“, истакнуваат од Академијата во службеното писмо до јавноста.

Фото: Инстаграм

Интересно е тоа што Лук Пери работеше и на овогодинешниот кандидат за Оскар за најдобар филм„Once upon a time in Hollywood“.

Филмот доби номинации во 10 категории, а Бред Пит освои Оскар за најдобра споредна улога.

Од друга страна, Лук Пери се појави уште во неколку филмови по кои ќе го паметиме како „Buffy the vampire slayer“, „Love in Paradise“, „Alice upside down“ и други.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....