6.8 C
Скопје
06:59 - 29 март, 2024

Внимавајте на складирањето на готвените јадења!

Колку и да се обидувате да подготвите храна онолку колку што навистина е потребно за семејството, а притоа да нема остатоци, сепак тоа во практика многу ретко се случува. Токму затоа по обилниот оброк останува и дел од салатата, од главното јадење, но и од десертот. 

Големи количини недојадена храна останува и кога луѓето имаат гости. Тогаш количеството на подготвена храна е големо, а апетитот на различни луѓе не е ист, како ниту вкусовите, па така, од преполната трпеза, остатоците од храна се префрлаат во фрижидер или во замрзнувач со надеж дека во следниот период „ќе се дојаде“.

принтскрин

Како и да е, токму тука се наметнува прашањето, колку зготвената и претходно термички обработена храна можеме да ја чуваме во фрижидер и да бидеме сигурни дека кога ќе ја изедеме, нема да ни направи посериозна штета по здравјето.

Колку одредени намирници можат да стојат во фрижидер

Според експертите за храна, дури и најиздржливите јадења, кога се термички обработени, а притоа и зачинети, може во фрижидер да отстојат најмногу 4 дена. Ако и понатаму не ја јадете, ваквата храна е потенцијален извор на бактерии и може да доведе до труење на организмот, па затоа подобро е да ја фрлите наместо да се обидувате да заштедите со тоа што планирате да ја јадете за некој следен оброк. 

Внимавајте, бидејќи можноста од труење со храна е многу голема, особено во овој период од годината, како и налето, кога температурите се искачуваат многу високо.

Профимедиа

Како правилно да ги замрзнете оброците

Ако ви остане многу храна, не ставајте ја целата во фрижидер. Наместо тоа, спакувајте ја во мали порции или во помали ќеси и така складирана, ставете ја во замрзнувач. 

Исто така, важно е да се напомене дека, кога подготвувате храна што подоцна планирате да ја замрзнете, не само што е важно да ја поделите во помали количини, туку исто така важно е и воздухот комплетно да го истиснете за да не дојде до промена на бојата. 

Кога станува збор за складирање на храната во замрзнувач, важно е да не заборавите кога храната сте ја ставиле на ниска температура. Доколку сметате дека постојат големи шанси да го заборавите датумот, во тој случај немојте да се двоумите и на секој сад со храна залепете ливче со датум.

Unsplash/Charles Deluvio

За да биде храната вкусна откако повторно ќе ја извадите од замрзнувач, треба да ја замрзнете кога комплетно ќе биде оладена. Единствено кифлите може да ги замрзнете додека сѐ уште се топли. Топлите кифли што сте ги подготвиле и сакате да ги замрзнете, ќе имаат уникатен вкус само на тој начин. Во спротивно, ако чекате комплетно да се изладат, во тој случај кога повторно ќе сакате да ги јадете, тие ќе бидат многу потврди и помалку вкусни.

Внимавајте на храната подготвена од месо

Кога готвите храна, а потоа сакате да ја складирате во замрзнувач, стручњаците советуваат да внимавате на храната што сте ја подготвиле со месо.

Најголем ризик за здравјето претставуваат подготовките од мелено месо. За да направите плескавици, ќебапчиња или домашни колбаси, во составот на јадењето треба да додадете голем број зачини, кои можат успешно да го „маскираат“ лошиот вкус на месото. Токму тоа е причината поради која мора да внимавате на јадењата со мелено месо, но и на месните преработки и на тој начин да спречите труење со храна.

Слични објави

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо

(Фото) Билјана Јуруковски, фотографка меѓу африканските племиња: Психичките подготовки за моите патувања се потешки и од физичките

Јасмина Кантарџиева Димков

Превкусен ајвар по урнек на баба: Бранко Попоски ни го носи рецептот

Еспресо
Се вчитува....