9.8 C
Скопје
00:45 - 20 април, 2024

Уживајте во секое залче: Страмболи – Пица завиткана во ролат (РЕЦЕПТ)

За ова интересно јадење ќе ви биде потребно малку повеќе време но верувајте дека се исплати.. Состојките се сосема опционални, така што можете да го подготвите вашето стромболи со што сакате.

Потребни состојки за тестото:

1 лажичка сув квасец
1 голема лажица шеќер
180 мл топла вода
1 лажичка сол
½ лажица маслиново масло
300 грама брашно

Потребни состојки за филот:

200 грама проволоне сирење или кашкавал
300 грама салама (или повеќе видови мешани)
1 блага пиперка
2 лажици маслиново масло
1 лажичка италијански микс од зачини (бибер, нане, оригано, лук, босилек, сушен кромид, сушен магданос, семе од целер)

1. Измешајте ги топлата вода, квасецот и шеќерот. Мешајте додека не се растворат состојките. Оставете ја смесата да седи 5 минути. Потоа додадете ги маслиновото масло и солта и префрлете ја целата смеса во голем сад каде што ќе додадете 1/3 од брашното. Измешајте додека не се измазни смесата.

2. Продолжете да додавате брашно, по околу 50 грама на едно додавање, сè додека тестото веќе не можете да го мешате со лажица. Потоа префрлете го тестото на набрашнета површина и месете го околу 5 минути, постојано додавајќи брашно. Месете и додавајте брашно додека тестото да престане да лепи, но притоа да остане меко. Отприлика треба да употребите 230-300 грама брашно вкупно. Направете топче од тестото и ставете го пак во садот, покриено со пластична фолија, и оставете го да стои 1-1,5 час, односно додека да порасне двојно.

3. Штом тестото е доволно нараснато, префрлете го повторно на набрашнета површина и од него формирајте неправилен правоаголник. Потоа истегнете го да добиете поголем правоаголник (околу 30 на 45 см). Тегнете го наместо да го сукате со сукало за да добиете помека кора на крајот.

4. Ставете ги сите состојки за филот и завиткајте го тестото по должина на правоаголникот. Ставете го ролатот во тавче обложено со хартија за печење и одозгора поминете го со четка со останатата количина маслиново масло. Додадете ги зачините и оставете го ролатот да нарасне уште еден час.

5. Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. Печете 25 минути или додека горниот дел од ролатот да добие златно-кафена боја. Исечете го стромболито на парчиња. Уживајте!

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....