5.8 C
Скопје
23:37 - 18 април, 2024

Правиме превкусна зимница со тетка Марија, а за бонус – рецепт за штипска пастрмајлија!

На Тетка Марија од Штип, кулинарството ѝ е голема страст и прва љубов. Таа работи како шивачка бидејќи, како што вели, мора од нешто да се живее, ама готварскиот занает е она што навистина ја исполнува.

– Се трудам секое ново јадење кое ќе го подготвам да биде подобро од претходното, ни вели на смеа оваа шарманта госпоѓа и супердомаќинка.

А, бидејќи пред нас е сезоната на подготвување зимници, ја замоливме тетка Марија да ни открие по некое трикче за домашните специјалитети, со кои ќе си ја стоплиме душата во студените денови.

ПО, АЈВАРЧЕ ЗА МЕРАКЧЕ, МЕШАНА САЛАТА

-Пред сè, неизбежен е традиционалниот ајвар, без кој не може да се замисли домот на ниту една домаќинка. Во нашиот источен регион, во ајварот, за да биде уште поубав, покрај пиперки и масло, се додаваат и моркови и модар патлиџан. Со овие намирници ајварот добива уште поспецифичен и поавтентичен вкус, потенцира таа.

Продолжуваме понатаму околу зимското мени за греење на душата.

-Потоа, мораме да ја споменеме туршијата, па лутеницата и малиџаното. Додека ова се стандардните зимски рецепти, она што можеби нема да се најде во секој дом, а јас би сакала, од се срце, да го препорачам, е таканаречената „мешана салата“ која се прави од црвени ајварски пиперки, модар патлиџан и моркови, вели тетка Марија.

Таа подготвува „куп“ различни традиционални салати, ама нејзини фаворити се руската салата, царската салата и салатата со сенф, додека зимата, вели, е најблагодетна со оваа, македоснка мешана салата.

ТУРШИЈА ПО СТАР ТРАДИЦИОНАЛЕН РЕЦЕПТ

-Овој рецепт кој сега ќе го презентирам не им е непознат на повозрасната генерација, меѓутоа, некои од помладите, можеби, не се запознати со него, ни објаснува махерката-готвачка.

А ние, несебично го споделуваме со вас. Земете предвид дека мерите и намирниците се за доза од 10 килограми зеленчук.

Од намирници потребни ви се: 10 литри вода, 300 грама сол, 150 грама шеќер, 10 грама винобран, 10 грама конзерванс, 250 грама ексенција.

Подготовка: На оган ставаме едно литро вода да зоврие. Потоа додаваме 300 грама сол, 150 грама шеќер, 10 грама винобран и 10 грама конзерванс. Откако ќе се растопат споменатите состојки во водата, го тргаме тенџерето од оган. Целата оваа смеса потоа ја додаваме во девет литри студена вода. Потоа, додаваме и и 250 грама ексценција, па мешаме додека смесата не се раствори. Потоа, сето ова го претураме врз претходно наредениот зеленчук. Зеленчукот може да биде по желба: моркови, корнишони, карфиол, зелени домати и зелени пиперки. На крајот додаваме неколку парчиња ловоров лист и црн пипер во зрна.

 

КИФЛИЧКИ „А-ЛА МАРИЈА“

Махерката во кујна е и махерка со тестото. Овие нејзини превскусни кифлички слободно може и да ги лиценцира. А, бидејќи ги пробавме кифличките на оваа жена со златни раце, ја прашавме – дали навистина сè e до тестото?

-При подготвувањето на кифлички не постои никаква тајна, едноставно тестото треба да биде средно- меко замесено, односно, да не лепи на рацете додека го месите. Искуството и честото правење на кифлички прави секоја следна доза да биде подобра од претходната. Најпросто кажано, нема некоја дополнителна состојка која прави за нивниот вкус да биде „магичен“.

Image result for kiflice youtube
Youtube

ШТИПСКА ПАСТРМАЈЛИЈА

Штип без пастрмајлија не бива. Па, ајде уште ова.

-Ќе ни го откриете ли рецептот?, ја замоливме тетка Марија.

Ни одговара, нема проблем.

– Во зимскиот период секое штипско семејство традиционално си подготвува и домашна пастрмајлија. Рецептот е многу едноставен. Покрај брашно, сол, вода и квасец, за добра пастрмајлија месото треба да биде добро зачинето и така да отстои неколку часа, за да ги прими сите вкусови. Она што е најважно е дека пастрмајлијата се пече во загреана рерна на највисока температура. Ова е најопштиот начин кој речиси сите штипјани веќе долга низа на години го применуваат за подготовка на, насекаде, добро познатата штипска пастрмајлија.

Youtube

 

Алал да Ви е, драга, тетка Марија! Ни ги отворивте очите и непцата кон вистинската македонска кујна со која може да се гордееме.

Слични објави

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо

(Фото) Билјана Јуруковски, фотографка меѓу африканските племиња: Психичките подготовки за моите патувања се потешки и од физичките

Јасмина Кантарџиева Димков

Превкусен ајвар по урнек на баба: Бранко Попоски ни го носи рецептот

Еспресо
Се вчитува....