Направете домашна кремпита повкусна од онаа во слаткарница

Еве како да направите кремпита која е повкусна од онаа во слаткарница…

Кремпитата на многумина им е омилен колач, а многумина со оваа вкусна посластица се враќаат во детството. Направете ја сами дома, еве како:

Состојки:

– шест жолчки

– шест лажици шеќер

– три лажици масло

– три лажици млеко

– шест лажици брашно

За филот

– шест белки

– 19 лажици шеќер

– четири кесички пудинг од ванила

– 1 литар вода

– шеќер во прав за посипување

Подготовка:

Во сад изматете три жолчи, лажица ипол масло, лажица ипол млеко и три лажици брашно.

Кога добро ќе ги изматите овие состојки, смесата налијте ја во плех обложен со хартија за печење и печете на 200 степени.

Истата постапка повторете ја со преостанатите состојки уште еднаш, со цел да испечете и втора кора.

Потоа во сад изматете ги белките и 15 лажици шеќер, преостанатите четири лажици шеќер сипете ги во вода и сварете ја водата, па во тоа згответе го пудингот од ванила и мешајте додека да биде готов. Додека смесата е врела, во неа полека додавајте ги изматените белки, непрекинато мешајки, додека да се соедини смесата.

На кората во плехот налијте ја изматената смеса, па одозгора ставете ја другата кора. Оладете ја кремпитата на собна температура, па дури потоа ставете ја во фрижидер. Исецкајте ја на коцки и посипете ја со шеќер во прав

Слични објави

Играта која сите сте ја играле барем еднаш, денес слави 20-ти роденден!

Еспресо

Наташа Беквалац на црвениот тепих во краток сако-фустан, а сандалите се посебна приказна

Еспресо

Вкусен и сочен колач со гриз, круши и карамела

Igor

Македонската пејачка го покажа голото трудничко стомаче! (ФОТО)

Васко Спасоски

Ова моментално е НАЈЧИТАНАТА ПРИКАЗНА НА ПЛАНЕТАТА: Боби, те молам кажи ми, што направи пред да се ожениш со мене?!

Еспресо

За час и половина три милиони долари: Мадона доби понуда која не се одбива, а еве што се „крие“ зад неа!

Еспресо

Остави Коментар

деветнаесет − деветнаесет =

Слични објави

Поради пластичните операции и ботоксот, познатата актерка едвај може да се насмее! (ФОТО)

Васко Спасоски

Тексас јакната со крзно е апсолутен хит (ФОТО)

Еспресо

Мини уштипци со кисело млеко: Највкусното тесто без јајца и прашок за печиво (РЕЦЕПТ)

Igor

Автомобили од Драгана Мирковиќ купуваат и светските ѕвезди: Меѓу купувачите Ван Дам и Џеј Зи (ФОТО)

Еспресо

Нов омилен рецепт: Летна пица полна со здрав зеленчук! (РЕЦЕПТ)

Igor

Ирина Шајк и Бела Хадид се меѓу нив: Некои од најубавите жени на светот новата година ја дочекаа во бикини (ФОТО)

Слободен печат