9.8 C
Скопје
10:04 - 19 март, 2024

Кој е за чаша боза? Пијалак што го обожавале и нашите предци (РЕЦЕПТ)

Бозата е популарен ферментиран пијалак кој е специфичен за просторот на Турција, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Бугарија, Казахстан, Кавказ и Узбекистан. Некогаш овој здрав напиток можел да се купи скоро во секоја слаткарница.

Бозата првпат е направена во Турција, а на Балканот се појавила со доаѓањето на Османлиите, кои боза им служеле на војниците за полесно да ги поднесуваат високите температури. До 16 век бозата се пиела во неограничени количини, но кога Турците смислиле алкохолна „тартар боза“, султанот Селим Втори вовел прохибиција, а во 17 век султанот Мехмед Четврти ги забранил сите алкохолни пијалаци и ги затворил сите продавници во кои се продавала боза.

Бозата освен што делува освежително, е и исклулително здрава. Содржи големи количини витамин Б (Б1, Б2, Б3, Б6 и Б 12), витамините А и Е, како и железо. Освен тоа, има состојки кои се добри за варењето, го намалува високиот крвен притисок, решава уролошки проблеми и ја филтрира крвта.

Рецепт за боза

Подготвувањето на боза не е комплициран процес, но се одвива во неколку фази во временски интервали од по десетина часа.

Половина килограм брашно од пченка се става во 5 литри млака вода и се остава да отстои десетина часа или уште подобро цела ноќ. Потоа лонецот со брашно и вода се става на тивок оган и со повремено мешање се остава да крчка 3 часа. После тоа се трга од оган и се остава течноста да се излади.

Во меѓувреме се растопува 20 грама квасец во малку млака вода па се додава во изладената смеса од пченкарно брашно и вода. Треба добро да се промеша и се остава да отстои следните 10 часа.

Откако ќе отстои густата течност се прецедува преку газа и се засладува со половина килограм шеќер или повеќе, по желба.

Потоа се точи во чисти стаклени шишиња кои не треба да се затвораат, за гасовите да не го извадат капачето.

Се чува во фрижидер, a пред служење на бозата можете да додадете цимет или некој друг егзотичен зачин.

 

Слични објави

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо

(Фото) Билјана Јуруковски, фотографка меѓу африканските племиња: Психичките подготовки за моите патувања се потешки и од физичките

Јасмина Кантарџиева Димков

Превкусен ајвар по урнек на баба: Бранко Попоски ни го носи рецептот

Еспресо
Се вчитува....