Израдувајте ги денес домашните – Цимет штрудли со смокви

Состојки:

300 грама брашно

170 грама маргарин што претходно бил на собна температура

100 грама шеќер

50 грама мед

1 лажичка сода-бикарбона

малку сол

малку цимет

кора од лимон или портокал

2 лажички екстракт од ванила

4 жолчки

Полнење:

400 грам суви смокви

80 грама пире од јаболка

50 грама мед

малку цимет

Подготовка:

Во поголем сад ставете ги омекнатиот маргарин, шеќерот и медот, ренданата кора од лимонот или портокалот (по ваша желба), солта, циметот и екстрактот од ванила. Сите состојки убаво измешајте ги со миксер за да можат убаво да се соединат. Потоа, во убаво изматената смеса една по една додавајте ги жолчките и постојано мешајте додека сите жолчки убаво не се соединат со претходно подготвената смеса.

Сега ставете го брашното што претходно убаво сте го просеале заедно со сода-бикарбона. Додека го ставате брашното во другите состојки, внимателно мешајте со миксер, но на најмала брзина. Кога ќе го ставите целото брашно, тогаш исклучете го миксерот и почнете да ја подготвувате смесата со дрвена лажица. Потребно е најмалку две-три минути да ја мешате смесата со лажицата за да се соедини убаво.

Тестото кое ќе го добиете треба да биде многу меко и затоа нема да треба да додавате повеќе брашно.

Вака подготвеното тесто, поделете го на четири еднакви делови, а секое делче со помош на стреч фолија или со хартија за печење и сукало, нежно исукајте ги на што е можно поголема коричка.

Коричките ставете ги во стреч фолија и оставете ги да отстојат и убаво да се изладат во фрижидер најмалку два часа.

Додека чекате да помине потребното време за разладување на тестото, почнете со подготовка на филот. Во сад ставете ги исечканите суви смокви, медот и пирето од јаболка и убаво со рачен миксер изметете ја целата смеса.

Потоа ставете ја вака добиената смеса во вреќичка за украсување за да можете полесно да ги филувате штрудлите.

Сега извадете го тестото од фрижидер и исечете го на соодветни лентички односно тие треба да бидат дебели 2 милиметри, а долги и широки 8 сантиметри.

Потоа во должината на секоја штрудличка ставете со помош на шприцот по малку од претходно подготвениот фил. Преклопете го едниот крај на тестото со другиот и формирајте штрудла.

Повторувајте ја постапката додека не се потроши целото тесто и целиот фил.

Подготвените штрудлички ставете ги да отстојат во фрижидер околу 1 час.

По истекот на времето поминато во фрижидер, ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени околу 12 минути.

Слични објави

Две нови панди дојдоа на овој свет! (ВИДЕО)

Еспресо

Кој помина подобро? Супермодели кои (не)сакаа да го запрат времето со корекции на лицето (ФОТО+ВИДЕО)

Еспресо

Нема срам: Дуа Липа повторно не облече градник! (ФОТО)

Васко Спасоски

Со години ја изневеруваше со дадилката, а сега се сретнаа на исто место! За оваа фотка сите зборуваат! ( ФОТО)

Васко Спасоски

Ѕирнете таму каде што не би смееле: Што прават стјуардесите кога никој не ги гледа

Еспресо

Ивана направи секси долна облека од тоалетна хартија и покажа како и стои (ФОТО)

Еспресо

Остави Коментар

два × оне =

Слични објави

Направила вообичаена операција за подмладување, а потоа се тргнало наопаку: Позната водителка за малку ќе го загубела видот и јавно зборуваше за тоа

Еспресо

Бруно Марс ќе биде ѕвездата на сопствениот Дизни мјузикл! (ВИДЕО)

Еспресо

3 најкреативни хороскопски знаци! Дали и вие сте меѓу нив?

Igor

Лепа Брена и Боба на денот на вљубените во Црна Гора „меркаа“ јахта и се бакнуваа! (ФОТО)

Васко Спасоски

Холивуд губи 20 милијарди долари поради коронавирусот: А може да биде уште полошо!

Еспресо

Најголемите тајни на секој хороскопски знак, кои ни себеси не би си ги признале

Еспресо