11.8 C
Скопје
00:45 - 24 април, 2024

Бидете внимателни – Плодови кои имаат скриени отровни делови

Секој човек знае колку е здраво да се јаде овошје и зеленчук и тоа секојдневно. Таквата храна во својот состав изобилува со витамини, минерали и растителни влакна, кои помагаат во зачувувањето на здравјето и виталноста на телото и ја подобруваат работата на виталните органи. Сепак, можеби многумина не знаат дека во некои делови токму од овошјето и од зеленчукот се кријат опасни материи, па затоа нив во никој случај не смееме да ги јадеме.

Листови од домати

Фото: Профимедиа

Во Европа доматите почнале да се одгледуваат во 18 век. Оттогаш па до денес, овој плод е еден од најчесто застапените на трпезите, без оглед на годишното време. Сепак, малкумина знаат дека овој вкусен и здрав зеленчук расте на стебло и има листови полни со токсини. Доколку се изеде дел од дршката или неколку листови, во дигестивниот систем ќе се случи непосакувана реакција, односно ваквата храна ќе биде причина за појава на желудочни тегоби. Тие можат да се појават како последица на присуството на токсичните материи соланин и томатин во листовите, гранчињата, но и во цветовите на доматот.

Ако се изеде поголема количина листови од домат, може да дојде до труење со фатални последици по човечкото здравје.

Семки од јаболка

Фото: Профимедиа

Јаболката спаѓаат во најздравите овошја што изобилуваат со витамини и минерали, но во себе содржат и еден отровен дел – семките кои содржат компоненти што се содржат од шеќер и цијанид, кој е познат како амигдалин. Поради неговото јако дејство, до неодамна се веруваше дека може (секако под надзор на стручни лица) да се користи во борбата против појава на одредени типови рак, но за жал се покажа дека воопшто не е ефикасен.

Доколку се внесе околу 200 милилитри цијанид во телото, последиците можат да бидат фатални. Сепак, немојте да паничите доколку ненамерно проголтате неколку семки од јаболко. Човечкиот организам може да преработи, а потоа и да исфрли помали количини цијанид, без притоа да има какви било негативни последици врз целокупното здравје.

Листови од рабарбара

Фото: Профимедиа

Стебленцата од рабарбара, растение кое кај нас не е многу познато, во комбинација со слатки јагоди се одличен летен десерт. Но јадењето на лисјата од оваа билка може да ви направи сериозни проблеми. Тие содржат оксална киселина и антрахинонски гликозиди, кои имаат дејство на отрови врз човечкиот организам кога ќе се сварат. Симптомите зависат од количината на изедените листови, а можат да варираат од желудочна болка и повраќање до сериозни напади.

Слични објави

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо

(Фото) Билјана Јуруковски, фотографка меѓу африканските племиња: Психичките подготовки за моите патувања се потешки и од физичките

Јасмина Кантарџиева Димков

Превкусен ајвар по урнек на баба: Бранко Попоски ни го носи рецептот

Еспресо
Се вчитува....