7.8 C
Скопје
01:37 - 29 март, 2024

БЕЗ МАНА СО АНА – Вегански Чизкејк со Јагоди и Ф’стаци (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Читателите на нашето печатено издание веќе имаат прочитано за Ана Аврамова. Во текот на минатата година, во неделниот магазин за здрав живот, за прв пат се запознавме со нашата омилена веган-девојка. Ана има 29 години, доаѓа од сончевата Гевгелија, веган е веќе неколку години и за кулинарството има и диплома, а од првиот момент кога ги здогледавме слатките рецепти кои таа сама ги подготвува, веднаш и го доделивме епитетот гастро-уметник!

Преку претходниот видео-рецепт имавме можност да научиме како да направиме супер вкусни вегански чизкејк торти со лимон и боровинки! Овој петок учиме како да направиме уште еден многу многу вкусен рецепт – станува збор за вегански чизкејк со јагоди и ф’стаци. Освен што е превкусен, овој чизкејк изгледа фантастично, воопшто не е комплициран за приготвување и најважно од се, не се пече! Доколку постите, ви препорачуваме да се насладите со овој рецепт, за кој ќе добиете само пофални критики! Не заборавајте да го користите хаштагот #БезМана доколку ги приготвите рецептите, и секако, не пропуштајте ја следната епизода на Без Мана со Ана, само на Слободна ТВ, секој петок во 10 часот!

 

Слични објави

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо

(Фото) Билјана Јуруковски, фотографка меѓу африканските племиња: Психичките подготовки за моите патувања се потешки и од физичките

Јасмина Кантарџиева Димков

Превкусен ајвар по урнек на баба: Бранко Попоски ни го носи рецептот

Еспресо
Се вчитува....