7.8 C
Скопје
01:30 - 29 март, 2024

5 продукти кои НИКАКО не смеете да ги ставате во микробранова: Јајцето може да ви ЕКСПЛОДИРА, од оризот да добиете ТРУЕЊЕ

Микробрановата понекогаш е спас, ама некои намирници едноставно не смеат да се ставаат во неа. Ова се петте продукти кои треба да избегнувате да ги ставате во микропечка.

1. Тврдо варени јајца
Брзиот раст на температурата во микровалната создава голема количина влага во јајцето, која нема каде да излезе, па јајцето може да експлодира. Многу е веројатно дека нема да експлодира во микробрановата, туку дури кога ќе го извадите.

2. Мајчино млеко
Многу го чуваат мајчиното млеко за подоцна, што е добро, но тоа никако не смее да се загрева во микробрановата бидејќи топлината нерамномерно се распоредува и доаѓа до создавање на врели точки и бебето може да се изгори.

3. Месни преработки
Тие во себе содржат хемикалии и конзерванси кои го продолжуваат нивниот рок на траење, а со подгревањето стануваат уште понездрави. Студија во списанието „Food Control” тврди дека повторно загревање на преработеното месо во микробранова поттикнува оксидација на холестеролот.

4. Ориз
Според Британската агенција за храна, подгревањето на оризот во микробранова може да доведе до труење. Неварениот ориз во себе содржи спори бактерии кои можат да го преживеат варењето во микропечката. Во моментот кога оризот сварен во микробранова ќе го извадите надвор и ќе го оставите на собна температура, бактериите се размножуваат и можат да предизвикаат проблеми со варењето.

5. Пилешко
Најважна работа што треба да ја знаеме за микробрановите е дека топлината секогаш не ги убива бактериите, бидејќи микробрановите ја загреваат храната само однадвор. Познато е дека салмонелата ја има во пилешкото месо и затоа е важно темелно да го свариме за да ги елиминираме бактериите од него. Микробрановата не може целосно и рамномерно да го свари секој дел од пилешкото и постои можност бактеријата да преживее.

Слични објави

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо

(Фото) Билјана Јуруковски, фотографка меѓу африканските племиња: Психичките подготовки за моите патувања се потешки и од физичките

Јасмина Кантарџиева Димков

Превкусен ајвар по урнек на баба: Бранко Попоски ни го носи рецептот

Еспресо
Се вчитува....