13.8 C
Скопје
16:37 - 19 април, 2024

Во кој месец сте родени такви сте во љубовта: Најдете го својот и уверете се!

Многумина на врските гледаат низ призмата на хороскопот, а никако не е на одмет истото да го направат од призмата на месецот во кој сме родени.

Се прашувате како? Погледнете како стојат работите…

Јануари – Причината зошто луѓето сакаат да бидат сон нив е за тоа што се многу лојални и романтични. Многу се амбициозни, па поради тоа нивниот партнер може да се почуствува запоставено. Мораат да пронајдат начин да балансираат помеѓу професионалниот и приватниот живот, за да не трпи последици едната страна.

Фебруари – Најдобрата работа во врска со овие луѓе е тоа што имаат фасцинантна природа. Тие се со слободен дух и со широки погледи на светот. Тешко им е да сакат, бидејќи тешко покажуваат чуства и никогаш не знаете на што сте со нив, а тоа може да ве фрустрира.

Март – Дефинитивно еден од најфините и најчуствителни луѓе. Чуствителни се, внимателни и многу е пријатно да сте во нивна близина. Единствено што ги прави неадекватни за врска е тоа што се пречуствителни и не умеат да идат напред, туку честопати се враќаат во минатото.

Април – Оние кои се родени во април се многу непредвидливи, имаат возбудлива енергија и се многу забавни. Може да ви биде предизвик за да бидете со нив. Од друга страна можат да бидат и многу агресивни, обидувајќи се да ги контролираат  вашите емоции и однесувања. Комуникацијата со нив е многу предизвикувачка и полна со возбуди.

пар љубов

Maj – Овие луѓе се слични на тие родени во јануари, многу се амбициозни и фокусирани на работите, но за разлика од тие кои се родени во јануари, не го ставаат професионалниот живот пред партнерот. Мана им е тоа што умеат да бидат многу фрустрирани и не знаат да го канализираат својот бес, па мораат да работаат на тоа.

Јуни – Овие луѓе е многу лесно да ги сакате. Многу се духовити и сочуствителни. Со нив нема никогаш да ви биде досадно. Лошата работа е тоа што ја игнорираат својата болка кога се повредени.

Јули – Имаат магнетна личност, знаат да привлекуваат луѓе, се грижат за туѓите чуства. Не е лесно да ве сака човек, бидејќи понекогаш не ги пуштате луѓето да си одат од вас, иако вас не е гајле веќе за нив или не сте сигурни што чуствувате кон нив.

Август – Нивната најдобра работа е што имаат отворено срце, тие се љубезни и се великодушни. Кога доаѓа до проблем, овие луѓе ја покажуваат темната страна. Тие се љубоморни и се склони на бегање. Со својата несигурност ги бркаат луѓето од себе. Бегаат од проблемите и вашиот партнер никогаш не знае како ќе реагирате, па така се чуствуваат како да газат на јајца кога ќе се случи проблем и тоа многу исцрпува.

Септември – Луѓето родени во септември имаат исклучителни квалитети, полни се со доверба, вредни се, интелегентни се, радознали, но и критички настроени. Во еден момент се љубезни, а во другиот на сите им наоѓаат мани. Имаат склоност да ги потиснуваат своите емоции, а наизглед се ладни и резервирани, а во себе ги кријат вистинските емоции.

Октомври – Прилично е лесно да ги сакате. Многу се љубезни и питоми. Внимателни се и ја чуствуваат потребата од другите. Треба да внимаваат само на љубомората и што е можно помалку да мислат на другите луѓе.

Ноември – Луѓето родени во ноември имаат вродени бариери и кочници и кога ќе успеат да ги прескокнат тогаш врската со нив, полна со искреност и љубов. Надминувајќи ги тие препреки и граници бара многу работа, па ако се способни да ги надминат, врската со нив е преубава. Склони се на мистерија и повлекување во себе.

Декември – Лојални луѓе, великодушни и топли. Сакаат да ги забавуваат луѓето, а мана им е тоа што знаат да бидат нетрпеливи и премногу имплусивни.

Слични објави

Астропрогноза за петок, 19 април: За Близнаците нешто ново, за Рибите прилагодување на настаните

еспресо

Како земјотрес: Три хороскопски знаци ги чекаат големи промени на крајот на април

еспресо

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

Големата парада на планетите до крајот на април: Што да очекуваат хороскопските знаци? 

еспресо

Астропрогноза за четврток, 18 април: Вагите да си го отворат срцето, Јарците денес да се осамат

еспресо

Астропрогноза за среда, 17 април: Трпение за Биковите, магнетска привлечност за Лавовите

еспресо
Се вчитува....