24.8 C
Скопје
16:52 - 29 март, 2024

Хороскопски парови кои се најмоќни и најстрасни кога се заедно

Според астрологијата,  четирите елементи од кои зависат карактеристиките на хороскопските знаци се оган, воздух, вода и земја, а токму тие елементи одредуваат колку вие и вашиот партнер сте компатибилни.

Ова се хороскопските парови кои се најмоќни и најстрасни кога се заедно.

Овен – Вага
Овните се лидери, а освен Вагата, ниеден друг знак со контролирачка природа не е добар спој со овој знак. Овенот од партнерот бара искреност, а кога се работи за сексуалните активности, не постои пострастен знак од Овенот.
Иако и Лавот и Скорпијата можат да бидат солидни партнери за Овенот, сепак најдобриот избор е Вагата, со нејзиниот лесен тек на животот и искрена природа. Вагата е емоционално зависна, што совршено ја надополнува потребата на Овенот да контролира додека ја истражуваат страста во нивната врска.

Бик – Девица
Бикот е традиционален и фамилијарен знак, кој ја сака интензивноста на водењето љубов повеќе од самиот чин. Романтичниот Бик е најкомпатибилен со Девицата, која исто така ужива во семејниот живот. Тие заедно формираат моќен пар.

Близнаци – Стрелец
Иако весели и забавни во секојдневниот живот и во односите со пријателите, кога станува збор за врските, Близнаците стануваат прилично тешки за повеќето знаци. Тие се плашат од посветеност затоа што така се чувствуваат врзани. Близнаците од својот партнер бараат интелект и духовитост. Стрелецот е совршен партнер за нив бидејќи се плаши дека ќе ја изгуби сопствената слобода, а тоа никој не може да го разбере подобро од Близнаците. Овие два знака во врска се чувствуваат исклучително среќни и исполнети и заедно можат да го освојат светот.

Рак – Бик
Ракот секогаш е во потрага по долга и сериозна врска,во која може емотивно да се поврзе со својот партнер. Бикот е совршен партнер за Ракот, бидејќи поседува голема доза емотивност, сериозност и сталоженост, што на Ракот му дава силно чувство на сигурност.

Лав – Овен
Полни со гордост и високо его, Лавовите знаат да бидат незгодни за останатите знаци. Овенот е совршен знак за Лавот поради природната страст и силата што ја носи во себе. Тој нема да се почувствува загрозен од страна на Лавот и ќе ја изрази својата љубов со елеганција и големина, а Лавот ќе возврати со иста мера.

Девица – Шкорпија
Не постои поголем перфекционист од Девицата и таа е често резервирана, но внимателна кон својот партнер. Скорпија е одличен избор за Девицата, поради интензивната емоционалност што ја носи во себе. Овие два знака се многу различни, но совршено се надополнуваат.

Вага – Близнаци
Вагата е роден дипломат и секогаш лесно ги решава конфликтите. Иако осаменоста ги вознемирува, тие по никоја цена не би завршиле со личност што нема да ги активира интелектуално. Секогаш љубопитна, Вагата ужива да се дружи и секојдневно да учи нови работи за луѓето. Близнакот со својата комуникативност е совршен знак за неа. Стабилноста на Вагата му помага на Близнакот да остане на земја.

Скорпија – Риби
Скорпијата е исклучително емотивна и одмаздољубива, а што и да прави, го прави со страст. Скорпиите имаат агресивна и доминантна страна кога станува збор за романтичните партнери, но кога ќе се поврзат со Риба, балансот си доаѓа на свое место. Покрај страста и моќта кои овој пар ги создаваат, она што всушност го прави овој пар непобедлив е силната интуиција.

Стрелец – Водолија
Стрелците се родени за да се движат и да патуваат. Потреба им е слобода за да преживеат. Ако некој сака да ги врзе за едно место, тие ќе заминат. Кој подобро може да го разбере ова од Водолијата? Овие два знака поседуваат подеднаква желба за слобода, а Водолијата ја зачинува врската со стабилност, отвореност и љубов кон авантури. Затоа овој пар никогаш нема да се соочи со монотонија.

Јарец – Девица
Јарците се амбициозни и посветени. Тие знаат што сакаат од животот и се фокусираат на тоа. Дури и во врските, тие даваат сѐ од себе, што е исто така причина зошто се обидуваат да се држат понастрана од врски – се плашат дека ќе бидат повредени. Дисциплираната Девица го разбира тоа и му помага на Јарецот да го одржи редот. Тие се крајно фокусирани и прават прекрасна целина.

Водолија – Вага
Водолија веројатно е последната личност што ќе продолжи да протестира дури и кога сите ќе заминат. Овој знак е роден бунтовник и не трпи неправди. Желбата на Вагата за еднаквост е она што прави тие да се привлечат. Заедно ќе бидат посилни и Вагата малку ќе ја скроти дивата природа на Водолијата, пружајќи 1 го потребниот баланс.

Риби – Јарец
Овие два знака се два спротивни столба кои се привлекуваат силно. Рибите се фантазери и големи креативци, па го привлекуваат Јарецот кој е секогаш сталожен и на земја, бидејќи го инспирира и поттикнува да ги оствари своите соништа и да ризикува. Јарецот за возврат ќе им помогне на Рибите да ја видат и реалната страна и да не летаат премногу во облаците. Овие два знака совршено се надополнуваат, создавајќи моќна појава.

Слични објави

Сопругот на Нада Топчагиќ откри нови детали за нејзината здравствена состојба: Ја напуштила болницата, а еве каде е сега

Еспресо

Тронот на Монако може да го преземе сестрата на принцот Алберт: Неговиот татко се сомневаше во него! 

еспресо

(Видео) Андрија Милошевиќ на уникатен начин го прокоментира разводот на Драгана Мирковиќ: А што е со неа, дали е здрава?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ гордо го покажа скапиот прстен што го доби од Драган и објасни како го добива она што го сака

К. А.

(Видео) Прекинат концертот на Александра Пријовиќ во Бања Лука, пејачката веднаш реагираше

Еспресо

Се нижат смешни коментари за разводите на Драгана Мирковиќ и на Харис Џиновиќ: „Зорица и Кемиш ни се последна надеж“

еспресо
Се вчитува....