14.8 C
Скопје
15:08 - 25 април, 2024

Хороскоп за вторник 07 јануари – Лавовите да избегнуваат кавги, Водолиите ќе мора да ја контролираат импулсивноста

Прочитајте што велат ѕвездите за денешниот ден…

Овен

Не очекувате подобрување на некоја ситуација која ве загрижува и поради тоа лошо се чувствувате. Финансиите стагнираат. Можен е конфликт со претпоставениот. Со ароганцијата ќе предизвикате ладење на одностите со партнерот. Можни се осцилации на крвниот притисок.

Бик

Поседувате апсолутна подготвеност но и поддршка да се соочите со сите потешкотии. Бидете мудри и одржувајте ја љубовта која ви се нуди, бидејќи ќе ви донесе голема среќа во иднина. Можни се проблеми со грбот и зглобовите.

Близнаци

Успевате на не баш лесен начин да откриете каде се крие проблемот. Во вашиот живот ќе се појави личност која ќе ве маѓепса со својот интелект, образование, а особено со невообичаениот начин на живот. Здравјето е добро, ве одржува добрата кондиција.

Рак

Преземете одговорност за се што ви се нуди. Подобро е да почекате поповолен момент за било што ново. Се повлекувате во својот свет, го занемарувате партнерот. Проблеми со органите за варење, променете го начинот на исхрана.

Лав

Не сакате на никого да му се правдате за своите постапки. Избегувајте ги кавгите со партнерот, дури и ако мислите дека сте во право, бидејќи само ќе изгубите време и ќе се оптеретите беспотребно. Избегнувајте премногу масна храна.

Девица

Доколку ја послушате својата интуиција ќе успеете да започнете со некоја нова и добра работа. Вашиот емотивен живот ќе биде многу возбудлив, полн со љубов, страсти, предизвици, романтика, љубомора. Чувајте се од промаја, можна е мигрена.

Вага

Ве очекуваат добивки, кои дополнително ќе ве мотивираат за работа. Финансиите се поправаат. Многумина од вас ќе започнат љубовни приказни кои ќе ги крунисаат со брак. Среќата ви се насмевнува. Вашата концентрација е лоша.

Шкорпија

Успевате да ја вратите загубената самодоверба. Опуштете се и работете го тоа што ви одговара и никако не се исцрпувајте преку мера. На партнерот секогаш гарантирајте му добар провод, добро ќе се чувствувате. Во голема мера сте виновни за нарушеното здравје.

Стрелец

Напнатоста може да ви ја оневозможи шансата да влезете во нови деловни предизвици. Премногу сте недоверливи. Љубовта ви е во моментов во втор план, го занемарувате партнерот. Немате волја било што да промените кога станува збор за здравјето.

Јарец

Ефикасноста и интелигенцијата се ваши квалитети кои ќе бидат забележани од некоја личност која е многу важна за вашата кариера. Ве очекува добар период. Една препрека на љубовен план ќе ви ги поремети плановите. Можни се проблеми со тироидната жлезда.

Водолија

Свесни сте за својата интелигенција и се однесувате супериорно. Понекогаш е потребно малку да се опуштите. Во односот со партнерот ќе дојде до мали проблеми, контролирајте ја својата импулсивност и неоснованата љубомора. Не успевате да се одморите.

Риби

Имате голема поддршка од пријателите за да го реализирате замисленото. Опуштете се, отворете се и ослободете се од внатрешните кочници на недоверба и уживајте во она што ви го нуди животот. Потребен ви е подолг сон.

Слични објави

Астропрогноза за четврток, 25 април: Скорпиите да не преземаат ризик, за Девиците неочекувани обврски

еспресо

Бела низа денови: Два хороскопски знаци ги чека исполнување на соништата

еспресо

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Астропрогноза за среда, 24 април: Неодоливост за Лавовите, нови сојузници за Рибите

еспресо

Крајот на април ќе израдува три хороскопски знаци: Еве кои се среќниците

еспресо

Астропрогноза за вторник, 23 април: Овните да ги контролираат зборовите, Стрелците да побараат прошка

еспресо
Се вчитува....