9.8 C
Скопје
07:51 - 29 март, 2024

Хороскоп за 3 август: Раковите ќе флертуваат со колега, пред Скорпиите дилема

Овен
Иако има опција да ја смените работата, чувството на сигурност кое сегашното место ви го пружа не ви дава така лесно да се одлучите на тој чекор. Во недостиг на концентрација и преголем замор, правите повеќе грешки од обично. Доколку денеска започнете нова врска, таа ќе биде долготрајна и многу значајна.

Бик
Ќе имате многу интересни идеи за тоа како да го поминете денот, а повеќето ќе вклучуваат вкусна храна, пијалак и добро друштво. Нема да ви биде жал ако одите кај некого да го посетите, а особено ако тоа вклучува патување во друг град. Промената на средината ќе ве препороди. Ќе се вратите за уште едно искуство побогати.

Близнаци
Денот ќе ви донесе некои вести кои ќе ве изненадат. Внимавајте кому му верувате – не секогаш намерите на овие околу вас се чесни. Имате нагли промени на расположението, па тоа е знак дека треба малку да одморите. Излезете надвор од градот и наполнете ги батериите. Во љубовта сé оди „како подмачкано“.

Рак
Ништо нема да ве опушти како ден поминат во друштво на пријателите. Уште од рано наутро ќе бидете во погон па постојано некаде ќе одите и ќе се среќавате со многу луѓе, а посебно ќе ве развесели што ќе видите и една мила личност која веќе долго не сте ја сретнале. Некои Ракови ќе се впуштат во флерт со колега од работа.

Лав
Ќе ве вознемири конфликт со некој колега на работа. Иако ќе бидете повредени од неговите критики, ќе се обидете да се воздржите од злобните коментари, бидејќи подоцна ќе ви биде жал. Емоционалното незадоволство ќе се обидете да го решите со храна, но внимавајте да не имате подоцна проблем со килограмите.

Девица
Имате изразена потреба да избегате од секојдневието, па денес денот е поволен за некое кратко патување каде ќе можете да се „исклучите“ од сѐ и да се одморите. Потреба ви е голема промена, но почнете со мали чекори. Во љубовта, морате да научите да направите компромис за одредени нешта.

Вага
Денес бидете непредвидливи! Луѓето ќе ги обожаваат вашите необични реакции, па покажете ја вашата ексцентрична и експресивна страна. Влијателна личност ќе ви ја сподели тајната како се стигнува до врвот, но за да ја искористите, потребно е да ризикувате. Не се фокусирајте на ситници.

Скорпија
Време е да се ставите самите себе на прво место и да се погрижите за она што вие самите го сакате. Престанете да се извинувате ако не можете да им помогнете на луѓето околу вас. Имате добра контрола врз емоциите и не дозволувате да ви го заматат умот. На љубовно поле ви претстои една дилема.

Стрелец
Денес ќе бидете тмурно расположени, ќе барате мани и таму кај што ги нема. Ќе бидете склони да ги преувеличувате критиките, па ќе реагирате остро на коментари кои обично не би ви оставиле впечаток. Внимавајте на односот со еден колега. Ако со денови одбивавте нечија покана за излегување, сега прифатете ја.

Јарец
Денес сретнете се со лица со кои обично не комуницирате. Време е за нови пријателства или продлабочување на врските со лица кои сте ги запознале неодамна. Иницирајте заеднички коктел средби или договорете голем собир за ручек/вечера. Некои Јарци ќе го добијат повикот кој долго време го очекувале.

Водолија
Денес ќе се најдете во ситуација во која ќе мора да размислите со „ладна глава“ и да ги тргнете емоциите на страна. Внимавајте на што ги трошите парите и направете подобра организација на финансиски план. Во љубовта, не се плашете на глас да кажете што точно сакате. Не заобиколувајте ги важните теми за разговор.

Риби
Денес ќе бидете спонтани и благодарение на тоа, ќе нижете незаборавни моменти. Никој нема да може да ви ја скроти желбата за забава. Гледајте го партнерот низ романтично светло. Навратете се на спомените и видете дали уште постои онаа слатка карактеристика која ве привлече кон него на почетокот.

Слични објави

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо
Се вчитува....