18.8 C
Скопје
15:26 - 20 април, 2024

Хороскоп за 24 август: Што ви предвидуваат ѕвездите за почетокот на работната недела

Овен
Сѐ повеќе ќе размислувате за себе и за партнерот, како и за тоа каква ви е врската. Ќе бидат потребни ваши мали прилагодувања за да склучите еден деловен договор. Затоа не избрзувајте, туку соработувајте. Нема да бидете задоволни од својот резултат. Ќе ви се чини како да не сте добиле соодветната награда.

Бик
Неделата ќе ја започнете со почувствително здравје од вообичаено. Поради околностите бидете смирени. Немојте да се брзате, да паничите и чудно да реагирате. Поволен ден за работа. Кога нешто ќе кажете, бидете доследни за да сфатат дека сте сериозни и одговорни. Изгледате без самодоверба иако не е така.

Близнаци
Деловните обврски ви се зголемуваат. Се обидувате сѐ да постигнете, но не успевате во тоа. Финансиската ситуација е подобра. Во врската ви е убаво, но повремено се можни расправии. Се појавуваат помали тешкотии. Внимавајте, има две опции – врската може да заврши лошо или да биде крунисана со брак.

Рак
Ве прогонува минатото, не ви дава мир. Станувате свесни за грешките од минатото, па денес ќе имате потреба да се доверите некому. На професионално поле потребна ви е промена, па разгледајте ги вашите опции. Доколку сте во врска, денешните разговори ќе ви помогнат да го зајакнете односот со партнерот.

Лав
Со партнерот често се расправте поради пари. Сметате дека претерува со трошење додека вие вредно работите и се трудите да заштедите. Можна е несоница. Во овој момент се трудите да ја одржите стабилноста во работата. Финансиската ситуација е добра иако приходите се помали од очекуваното.

Девица
На работа ви е сѐ преку глава, па нема да се воздржите и да истапите да го кажете своето мислење. Во врската е многу постабилно откако партнерот покажува помал интерес за вас. Вие знаете да најдете сила да продолжите тогаш кога сите други би се откажале. Токму таа способност ќе ве истакне пред другите.

Вага
Попладне би требало да се слушнете со некоја личност околу продолжување на соработката. Знаете добро што за вас би било најпрактично решение. Средба со колега кој сака да ви помогне да се снајдете на новата работа, но прашање е дали тој тоа може да го направи или само ќе ви попречува во она што го работите.

Скорпија
Имате голем прилив на енергија на комуникациски план која ве прави бестрашни, храбри, но може да ја насочите таа сила во погрешен правец. Многумина мислат дека се инаетите, но вие сте само принципиелни. Иако сте незадоволни од работата, не избрзувајте. Ќе ве израдува повикот на некој поранешен партнер.

Стрелец
Деловниот партнер може како најважен момент во вашата соработка да ја истакне потребата за јасно дефинирање на финансиските односи. Подготвени сте да преминете преку нешто што не ви одговара со цел да продолжи соработката. Не треба да ги потценувате своите способности, но немојте ниту да се преценувате.

Јарец
Денес немојте да си ја трошите енергијата за непотребни работи. На работното место ќе мора да завршите со старите проекти, пред да започнете нешто ново. Во љубовта ви треба повеќе интимност, но овие барања ве прават депресивни. Подобро прифатете ја ситуацијата онаква каква што е. Ќе извлечете поука.

Водолија
Денес вниманието ќе ви биде насочено кон финансиите и некакви сериозни акции и трансакции кои мислите да ги направите или кон вреднување на нешта, можеби дури и личности, низ сериозни и конструктивни разговори или размена на информации. Внимавајте на финансиите, секој денар е важен.

Риби
Денот ви е резервиран за некакви финансиски муабети, активности, во зависност од тоа дали ви е тоа работа или се во прашање некакви приватни работи. Всушност, ваквите тенденции можат да ви се провлечат и целиот ден да го поминете во пресметување пари за други, а не за себе. Ова ви станува опсесија.

Слични објави

За минута зема 2 000 евра бакшиш! Бресквица направи хаос меѓу публиката со песната „Орлово гнездо“

Еспресо

(Фото) Поради неа ја оставил мисицата: Починатата водителка Бојана има сестра близначка како јајце слична на неа

еспресо

Неделен хороскоп, од 22 до 28 април: Среќно небо за Овните, добра вест за Лавовите, љубовни искри за Водолиите…

еспресо

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо
Се вчитува....