18.8 C
Скопје
16:01 - 20 април, 2024

Дневен хороскоп за 7 мај: Побарајте помош, не мора да правите сè сами

Овен
Ќе ви се укаже можност да дојдете до подобро работно место. Посветете се на своите амбиции. Можеби ќе забележите нова личност во вашето блиско опкружување. Ако сте соло, настапува поволен период за почеток на врска. Ако сте во врска, саканата личност ќе ви покаже дека искрено ѝ значите и е подготвена да ви се посвети. Здравјето ви е во ред.

Бик
Можно е да ја прифатите можноста за напредување и да покажете дека верувате дека ја заслужувате. Доколку денес се впуштите во ризични проекти, ќе имате некои проблеми во иднина. Водете сметка за тоа. Не ви е лесно да најдете партнер со кого може да посакате нешто сериозно. Ве очекува период за нови познанства и љубовни промени. Може да се надевате на љубовни пресврти. Водете сметка за забите.

Близнаци
Денес ќе имате повеќе информации од вообичаено, но наместо тоа да ви помага, ќе ве прави расеани. Веројатно нема да знаете од каде да почнете и што е важно, а што не. Побарајте помош, не мора да правите сè сами. Земете учество во добротворни активности. Има многу начини на кои можете да помогнете. Ако сте во врска, одете на ново место заедно со вашиот сакан.

Рак
Полека ви се отвораат нови деловни можности. Може да очекувате позитивни промени. Имате чувство дека саканата личност не е сосема посветена на вашата врска и тоа ваше негативно претчувство не ви се допаѓа. Ако сте сингл, би сакале да остварите нов љубовен однос, но засега на видик нема нова можност. Проблеми предизвикани од стрес.

Лав
Важно е на оние што не ви се допаѓаат, да не им давате лажни ветувања, бидејќи истото може да ви се случи и вам и тоа нема да ви се допадне. Насочете ја енергијата на задачите што ви одземаат најмногу време и не попуштајте во тешките моменти, бидејќи имате потенцијал да постигнете многу и вртоглаво да напредувате во кариерата. Ќе ви изгледа како сите да се гордеат со вас, освен најблиските.

Девица
Ќе треба да бидете трпеливи и да почекате пред да се вклучите на одреден проект, но не откажувајте се. Проверете дали ви се правилни навиките во исхраната, ако сакате да го задржите доброто здравје. Реалноста е дека во љубовта ќе треба да почекате за да го добиете тоа што го сакате. Овековечете го моментот со фотографии на кои ќе се навраќате во иднина.

Вага
Препуштете се на уживањето и љубовта, бидејќи партнерот навистина ќе ви ја даде поддршката што ви е потребна. Немате потреба за грижи, но внимавајте на телесната тежина. Мрзеливоста е забранета! Сигурно околу вас има неоткриена територија која чека на вас. Вашиот љубовен живот се смирува, можете да правите сериозни планови со партнерот.

Скорпија
Ќе бидете во искушение да преземате ризици. Среќата чека на вас, само потребно е да направите анализа на приоритетите во вашиот живот. На професионално поле ќе бидете пофини од обично и луѓето ќе ви веруваат. Мора да се откажете од некои принципи во љубовта ако сакате да имате успех. Во љубовта сте подготвени да почнете одново.

Стрелец
Скромноста и едноставноста се ваши особини кои ги имате, а кои ќе бидат пресудни за потенцијалните партнери. Обидете се да размислите многу и да се фокусирате на можностите за професионален развој, а не на она што не ви се допаѓа. Не дозволувајте вашите емоции да влијаат врз расправиите со блиските. Можни се физички повреди. Бидете внимателни.

Јарец
Доаѓа подобрување на заработката, кое ќе биде многу значајно. Ако се занимавате со приватен бизнис, може да очекувате можност да ги зголемите своите приходи. Доколку сте во брак, партнерот ви е посветен и имате добар однос. Пред вас е добар период. Не сте во дилема и знаете што сакате од емотивниот однос во кој се наоѓате. Имате јасно дефинирани цели. Стомакот ви е мошне чувствителен.

Водолија
Кому да верувате, а кому не? Одговорот на ова прашање не е лесен, но морате да донесете одлука. Ќе читате сè и сешто и ќе слушате спротивставени мислења. Сепак, на крајот на краиштата, вие треба да ја одделите вистината од дезинформациите. Имате професија поврзана со анализа на податоци? Бидете екстремно внимателни во претстојните 24 часа. Двапати проверувајте сè.

Риби
Ве очекуваат нови љубовни авантури, а повеќето од вас ќе почнат да мислат на венчавка или на дете. Имате повеќе идеи отколку време, па би било добро малку подобро да се организирате. Ако го исчистите вашиот дом од непотребни нешта, наскоро може да се наполни со нови непотребни места. Обрнете внимание на исхраната и движете се што е можно повеќе.

Слични објави

За минута зема 2 000 евра бакшиш! Бресквица направи хаос меѓу публиката со песната „Орлово гнездо“

Еспресо

(Фото) Поради неа ја оставил мисицата: Починатата водителка Бојана има сестра близначка како јајце слична на неа

еспресо

Неделен хороскоп, од 22 до 28 април: Среќно небо за Овните, добра вест за Лавовите, љубовни искри за Водолиите…

еспресо

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо
Се вчитува....