Дневен хороскоп за 25 август: Овни, денот можете да го започнете со песна, Лавови, задоволете се со мали успеси!

Овен
Денот слободно можете да го започнете со песна! Ве очекуваат толку убави моменти. Коцките сами ќе се редат на секое поле. Гледате позитивни резултати и задоволни сте бидејќи сте успеале да ја докажете својата способност на работно поле. Можете да очекувате познанство, кое ве води до интересна и убава врска.

Бик
Не многу поволен ден, на сите полиња. Не сте задоволни од деловните резултати што сте ги оствариле, и сметате дека можете да постигнете многу повеќе. Не сте подготвени со саканата личност да направите компромис и доаѓа до проблеми. Очекувајте дека саканата личност ќе покаже дека почнала полека да се лади од вас.

Близнаци
Никој не ги заслужува вашите солзи. Никој нема да ви се заблагодари за тоа. Опседнати сте со личност од спротивниот пол. И не го криете тоа пред неа. Но, вашите чувства не се возвратени и вие се гризете однатре. Немојте да го подарувате лесно вашето внимание. Некој би можел да посака да ве измами.

Рак
Личноста што ви се допаѓа константно комуницира со вас и не сте сигурни дали ве гледа како пријател. Имате начин како да ги откриете нејзините намери. Обидете се со некои заводнички трикови, вие тоа го можете и самите ќе забележите дали ќе имате повратен сигнал. Ако не, ќе можете да сметате на доброто пријателство.

Лав
Имавте големи планови, сонувавте големи соништа, но успехот и плодовите од нив не доаѓаат така лесно преку ноќ. Засега задоволете се со мали успеси. Ве очекува прилика да ги обновите контактите со личност која сѐ уште не сте ја преболеле. Минатото се враќа. Од вас зависи дали пак ќе стане дел од вашиот живот.

Девица
За вашата среќа во иднина, ќе биде заслужна вашата најдобра пријателка. Преку неа ќе запознаете личност во која ќе се вљубите. Не ви се поволни аспектите за полето работа. Ќе бидете покорисни и за себе и за другите ако земете слободен ден. Многу сте раздразливи и наклонети кон караници, за кои не постои причина.

Вага
Во претходниот период имавте многу проблеми, но сепак успеавте сите да ги решите навреме. Вашата врска со саканата личност полека напредува во посакуваниот правец. Можни се многу нови пресврти. Посветете им време и на креативните работи. Чувствувате силна меланхолија, ја барате причината за тоа.

Скорпија
Ноќта ќе биде магична. Саканата личност ќе ви подари нешто што не сте го очекувале. Нема да ја симнете насмевката од лицето. Вистината е најважна! Колку и да ги боли луѓето кога им ја кажувате реалноста, вие најдобро ќе се чувствувате кога го правите токму тоа. Дволичноста воопшто нема да ви прилега.

Стрелец
Постојано барате совршенство, но ова ви предизвикува премногу проблеми. Морате да бидете пореалистични, но и да престанете да го идеализирате минатото. Ќе си поставувате чудни прашања во врска со љубовта, а, и во овој случај, виновна е вашата желба за совршенство. Симнете се од облаците!

Јарец
Малку треба да се притаите. Денот не е поволен за приватен бизнис. Можете да очекувате мали тешкотии. Доколку сте во брак, нема да ви биде лесно со саканата личност да остварите стабилен однос и често ќе се карате. Расправиите ќе бидат поради трета личност, но нема да бидат од емотивен карактер туку од семеен.

Водолија
На деловно поле, не е поволен ден за какви било формалности, склучувања договори или вклучување во проекти. Најдобро би било да ги одложите оние работи кои можете. Ви годи чувството на слобода што го имате, и не сте подготвени сериозно да се врзете за некого. Сакате со бистар ум да размислите.

Риби
Од една страна силна емотивна стабилност, а од друга, претерана чувствителност на провокации. Силна ќе ви биде претпазливоста по материјалните прашања со што можете да изнервирате многумина во вашето опкружување. Вечерни муабети со партнерот околу неговата заработувачка, пари…

Слични објави

Хороскоп за петок 3 јануари – Лавовите ќе прават грешки, Рибите да престанат да се оптоваруваат со ситници

Еспресо

Овие знаци од зодијакот ќе ве прочитаат како отворена книга

Еспресо

Половина свет зборува за водителката која без градник водеше емисија за економија! (ФОТО)

Патат во тишина: Славни личности кои избегнуваат да зборуваат за своите болести!

Еспресо

Зошто Никола Тесла мислел дека броевите 3, 6 и 9 се клуч на вселената?

Еспресо

Дневен хороскоп за 1 април 2019, понеделник

Igor

Остави Коментар

16 + 13 =

Слични објави

Животна мантра за секој хороскопски знак: Следи го срцето, но понеси го и умот

Еспресо

Не сакаат никој да ги сожалува, туку да им се воодушевуваат: Психолошки профил на хороскопски знаци – ВАГА

Еспресо

Дневен хороскоп за 23.10.2019: Вагите го губат балансот, а кај Близнаците владее хармонија

Igor

Игор Џамбазов ја испрати Илина по суфлаки во Грција – и тоа со пливање преку Дојранско Езеро! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

НЕ СЕ ПРЕДАВААТ: Овие хороскопски знаци НЕ ВЕРУВААТ во хороскоп

Igor

Хороскоп за 16 март – Прочитајте што ве очекува овој понеделник…

Еспресо