Дневен хороскоп за 20 мај: Не газете врз туѓото достоинство за да стигнете на врвот

Овен
Можно е да се карате за финансии со саканиот. Насочете се кон разумни компромиси. На емотивно поле, ќе продолжите да излегувате и да ја развивате својата врска на паметен начин. Некои тукушто ја започнале, па нека одат полека. На професионално поле, можеби ќе имате малку повеќе среќа од другите, бидејќи на работното место сега ви помагаат. Но и тоа ќе помине.

Бик
Некоја стара дискусија со партнерот конечно ќе се реши еднаш засекогаш. Денес може да чувствувате голем притисок. Личностите со кои доаѓате во контакт се мошне напорни и ја црпат вашата енергија. Сепак, ќе се обидувате да издржите. Свесни сте дека можеби во овој период премногу сте љубоморни, но не можете да се воздржите. Совет – одморете се за утре.

Близнаци
Од околината ќе имате сериозна поддршка и денес сте полни со идеи за тоа како да ги организирате вашите идни чекори во кариерата. На професионално поле, напорната работа и трудот кој сте го вложиле во работата, конечно ви се исплати. Пред вас е поволен период. На емотивно поле, саканата личност би требала да менува работи кои ги прави погрешно, затоа што тоа вие нема да го толерирате.

Рак
Ќе имате шанса да донесете некоја сериозна одлука и да имате многу продуктивен ден. Не сте сигурни на кој начин да ги разберете информациите кои доаѓаат до вас. Можни се недоразбирања, но и проблеми со важни документи. Во љубовните односи ќе имате интензивни контакти со саканата личност. На слободните им претстојат нови познанства. Здравје: Водете сметка околу забите.

Лав
На емотивно поле, немојте да се споредувате со другите, зашто нема добро да се чувствувате. Бидете мирни и трпеливи и уживајте во она што го имате. На професионално поле, имате одлични идеи како да ја унапредите дејноста во која работите. Ќе размислувате за тоа. Верувајте во подобро утре. Малку напорен ден, но сѐ ќе си дојде на свое место.

Девица
Ќе пронајдете смисла на работите. На професионално поле, очекувајте дека ќе добиете понуда за работа. Пред вас е фаза во која ќе може да ја зголемите вашата заработувачка. На емотивно поле, ве очекува флерт со личност која ќе ја запознаете преку пријател или познаник. Најважно е да запомните да живеете во мигот. Здравјето ви е генерално добро.

Вага
Можно е денешните обврски да не можат сами да се завршат, па не двоумете се да контактирате некој од вашите колеги или во краен случај некој од вашите претпоставени за да дојдете до крајот. Во текот на денот, може да доживеете краток пад на расположението поради постапка на партнерот. Не газете врз туѓото достоинство за да стигнете на врвот.

Скорпија
На емотивно поле, оние во подолга врска успешно ќе го обноват својот сексуален живот. Оние кои сѐ уште се сами, нека излегуваат зашто ќе им биде убаво. На професионално поле, со која работа и да се занимавате, денеска би можеле успешно да го споите убавото со корисното. Здравје и совет – игнорирајте го немирот, минлив проблем што нема да има голем ефект на вас.

Стрелец
Правете го она што е најдобро за вас, но секогаш бидете внимателни кон другите. На професионално поле, наклонети сте кон правење грешки на работното поле и не ви е лесно да ги остварите своите цели. На емотивно поле, нагло се менува односот меѓу вас и саканата личност. Пред вас е период во кој ќе имате многу преиспитувања. Внимавајте на здравјето, можни се проблеми со срцето.

Јарец
Можно е да добиете понуда на работното место која делумно ќе ги исполнува вашите критериуми, но нема да ви буди страст. Многу добар ден е пред вас. Луѓето ќе бидат подготвени да се сретнат со вас, ќе имате поддршка и голема помош. Време е да ги прашате претпоставените за услуга или да направите сериозен разговор со нив. Ве боли затоа што немате доволно време да посветите на луѓето што ги сакате.

Водолија
На емотивно поле, како што ќе минува денот, ќе имате сѐ поголема потреба да се повлечете од другите и да се затворите во четирите ѕида на домот. На професионално поле, некои ќе посакаат одмор. Можно е да посакаат и да добијат неколку слободни денови. Добронамерен совет – преиспитајте се себеси. Внимавајте на алергиите, можни се реакции.

Риби
Не правете компромиси кога е се вашите желби во прашање. На професионално поле, иако на повидок е можност за напредок, може да ја пропуштите поради недостаток на самодоверба која ве следи од некоја причина. На емотивно поле, саканата личност ќе ви покаже дека е подготвена да направи сериозен чекор со вас. Зголемен апетит, внимавајте на килограмите.

Слични објави

Обрнете внимание! Храна што треба да ја избегнувате ако сте болни

Еспресо

Пријатно изненадување за Денот на вљубените: Милош Биковиќ и Бајага со заедничка песна(ВИДЕО)

Еспресо

Ниту сопствената мајка не би го препознала: Погледнете како изгледа раперот Тајзи! (ФОТО)

Васко Спасоски

Брајан Адамс го шокираше светот : Поради алчните гадови кои јадат лилјаци сè е на чеќање

Еспресо

Полански номиниран за 12 француски Оскари, а жените бесни: Му се оддава почит на насилник и педофил!

Еспресо

Дневен хороскоп за 09.01.2020 година – Работа, љубов и здравје!

Васко Спасоски

Остави Коментар

19 − 6 =

Слични објави

Неговиот хороскопски знак ќе ви открие како да го освоите

Igor

Роби Вилијамс открил зошто одбил да го замени Фреди Меркјури во групата „Queen”

Еспресо

Дневен хороскоп за 04.12.2019: Овните ќе се водат според правилата, а Биковите ќе мора да се научат на компромис.

Слободен Печат

Хороскоп за 29 мај – Рибите ќе го добијат заслуженото признание, Овните ќе се збогуваат со лошото расположение

Еспресо

Специјална „Еден на Еден“: Погледнете кои ѕвезди ќе му гостуваат на Жаре (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Нора Шакири: „Носам најубав дечко на свет“

Еспресо