13.8 C
Скопје
18:26 - 23 април, 2024

Дневен хороскоп за 09.02.2020 – Лавовите ќе си ги решат проблемите со членовите на семејството

Овен

Ќе морате да бидете внимателни во новите љубовни обиди. Другата страна би можела да се постави поагресивно нудејќи ви авантура, а вас ви е подобро да не преземате ништо и добро да размислите. Ако сте во сериозна врска можеби ќе влезете во расправии со партнерот и ќе бидете нервозни и чувствителни.

Бик

Завршете ги важните обврски, разговори и средби. Ќе бидете многу уверливи и успешно ќе се залагате за сопствените идеи. Храбро ќе влегувате во полемики, дури и кавги од кои ќе излегувате како победник. Ситуацијата во љубовта е нестабилна.

Близнаци

Ве измачува тежината на обврските, но подобрувањето на финансиската состојба ќе ве смири комплетно. Ова е среќен ден за вас, поминете го во друштво на вашиот партнер и уживајте.

Рак

Некои помали промени на работа ќе ви дадат дополнителна сила за постигнување на подобри резултати. Ве очекуваат многу контакти со пријатели и членови од вашето пошироко семејство. Ако сте во врска добро ќе се разбирате со партнерот и ќе ги надминете кризите.

Лав

Ќе пронајдете одлично решение за проблемите во семејството, ќе ги решите недоразбирањата и во вашата околина ќе завладее мир. Несвесно ќе ги одложите обврските, а тоа може да ви направи мала штета. Посвете им се сериозно на обврските.

Девица

Размислувате за зголемување на вашата материјална ситуација. Во текот на денот ќе ви се укаже прилика за наоѓање на нов извор на финасии, но вам нема да ви бидат потполно јасни условите кои ви се нудат. Побарајте совет од вашиот партнер.

Вага

Не ви недостига прилика за забава, а позитивните настани на емотивен план ќе ве поттикнат да се соочите со внатрешните стравови. Денот е одличен за започнување на нешто ново. Верувајте во вашата среќа и искористете ја секоја прилика за истакнување и развој на вашата креативност.

Шкорпија

Проблемите кои ве измачуваа досега за вас ќе бидат минато, а сето тоа е благодарение на позитивната енергија која ќе владее во вас. Конечно трезвено размисливте дека не е се така црно како што на вас ви изгледа. Поминете го слободното време во друштво со пријателите и семејството.

Стрелец

Навистина среќен ден за претставниците родени во втората декада, бидејќи ќе сретнат сродна душа со која што ќе споделат незаборавни моменти. Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува. Вашето здравје е повеќе од добро.

Јарец

Ќе се обидете да воспоставите контакт со некои лица кои на вас ви биле многу драги. Ви претстои убава средба со некој Стрелец или Близнак. Ќе се залагате за некои важни нешта, можеби нема да успеете, но не се разочарувајте во иднина ќе постојат уште шанси.

Водолија

Имате премногу обврски кои задолжително мора да ги завршите, но ви недостасува време. Побарајте помош од пријателите и завршете ги задачите. Некој пријател од детството ќе ве повика на заедничко патување. Не се двоумете, заминете и поминете си убаво.

Риби

Емотивната состојба е нестабилна и ве принудува на непромислени потези. Нека не ве заплашуваат сегашните проблеми бидејќи во иднина доаѓаат уште посериозни. Ќе пронајдете разумно решение кога ќе се смирите и убаво ќе размислите. Некоја Вага очекува помош од вас.

Слични објави

(Фото) Пријател објави приватна фотографија на Дарко Лазиќ и Катарина: Вака не сме ги виделе

Еспресо

Раста итно примен во болница

Еспресо

(Видео+фото) Ќеркичката на Никола Роквиќ плаче додека се збогува со својот татко кој тргна пеш за Грција на пат долг 1.150 километри

Еспресо

(Фото) Марко „Дај побрзај“ стана татко: Се родија близнаците Вања и Веда

Еспресо

(Фото) Прошталната порака на ќерката на Бојана Јанковиќ ја кине душата: Наследничката на покојната водителка се скрши! 

Еспресо

(Фото) Дали ќе го препознаете? Ќерката на Ален Делон сподели како изгледа денес

еспресо
Се вчитува....