5.8 C
Скопје
02:21 - 29 март, 2024

Астролозите откриваат: Месецот на раѓање открива кои болести ви се закануваат

Астрологијата смета дека позиционирањето на ѕвездите и планетите има директно влијание на луѓето и случувањата. Екпертите тврдат дека сега постојат и научни причини поради кои треба да се сврти вниманието кон месецот во кој сте родени кога станува збор за болести.

Кога се отвора тема „Хороскоп“, никој не е рамнодушен. Луѓето сè почесто се делат на оние кои слепо веруваат во судбина запишана во ѕвездите, кои го планираат животот по натална карта, оние на кои прва работа им е наутро да ги прочитаат „ѕвездените“ новости за тој ден, до загрижени скептици на кои сето тоа им делува како приказна за мали деца. Малкумина од нив се во средина, кои веруваат дека ѕвездите влијаат на луѓето, но на кои ова не им е опсесија.

Доктор Никола Татонети и неговиот тим за првпат се занимаваат со темата за месецот на раѓање на луѓето и колку тој може да има некаква врска со настанокот на одредени болести. Проучувајќи голема база на податоци на пациенти кои ги истражувал последната година Медицинскиот центар на Колумбија. Татонети успеал да утврди дека од 1668 болести што се откриени кај пациентите, во 55 случаи се покажало дека имаат силна врска со месецот во кој се родени. Всушност, како што се наведува, откриена е врска од 16 болести кои никој дотогаш не ги поврзувал со месеците. Најчести се оние кои се во врска со здравјето на срцето.

– Астрологијата се темели на месецот во кој сте родени, што штети на ваквите истражувања, бидејќи таа нема никакви научни докази кои се потврдени. Времето на годините во кои сте родени се одразуваат на вас после раѓањето – рекол Татонети.

При истражувањето спроведено на 1,7 милиони луѓе, родените во јануари најчесто боледуваат од хипертензија, додека февруари како месец на раѓање носи атријална фибрилација, пореметување на срцевиот ритам кој предизвикува треперење на преткоморите.

Татонети исто така кажува дека пролетта ги донесува и срцевите болести, па така оние кои се родени во март боледуваат од артеросклероза, а оние кои се родени во април не можат да ја заобиколат ангината пекторис.

Среќниците родени во мај, јуни, јули и август, најчесто се многу здрави и се поштедени од разни опасни болести, додека оние во септември боледуваат од астма.

Месецот октомври носи ментални болести, ноември чести инфекции, додека родените во декември се борат со бронхиолитис уште од најраните денови.

Слични објави

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо
Се вчитува....