13.8 C
Скопје
16:39 - 19 април, 2024

Почна масовната вакцинација во Русија: Војската меѓу првите ја прими вакцината „Спутник V“

EPA EFE

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека почнало масовно вакцинирање против коронавирус меѓу припадниците на војската.

– Во план е да се вакцинираат повеќе од 400.000 војници, рече Шојгу.

Министерот истакна дека вакцината досега ја примиле околу 2.500 луѓе, а планот е до крајот на годината да бидат вакцинирани 80.000 припадници на Министерството за одбрана.

Вицепремиерката Татјана Голикова претходно рече дека масовната вакцинација во Русија е планирана за 2021 година и дека ќе биде доброволна.

Таа рекла дека 117.000 дози од вакцината „Спутник V“ веќе се на пазарот, а до крајот на годината ќе бидат произведени повеќе од две милиони дози.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....