12.8 C
Скопје
18:41 - 19 април, 2024

Еве која е најважната работа која детето може да ја научи само во градинка: Вие на тоа не можете да го научите!

За сите воспитувачки, негувателки и учителки во градинка – ВИ БЛАГОДАРИМЕ.

Многу луѓе се прашуваат зошто децата треба да одат во градинка, кога едноставно може да си седат дома, со мама и тато или баба и дедо?

За време на пандемијата на коронавирусот многу деца седат дома со своите родители кои работат од домот, а поради тоа во буквална смисла страда нивниот развој и здравата социјализација.

Најважната работа која децата не можат да ја научат дома е социјализацијата, токму затоа градинката е одличен избор, бидејќи вашето дете само таму ќе успее да научи да се социјализира, да споделува со останатите, да стане независно од вас.

Децата потребно е да одат во градинка со цел да научат, да стекнат вештини и знаења, да стекнат културно-хигиенски навики, да учат да растат како физички така и ментално, но и да видат како изгледа животот на еден возрасен човек.

„Тоа што всушност е најважно е да научат како да се прилагодат“, изјавија експерите.

Тоа во буквална смисла значи дека детето во градинка стекнува знаења, црпи идеи, учи за опстанокот во средината, има активна интеракција со своите врсници и „се подготвува“ да изникне како цвет кој се пробил и пораснал низ асфалтот.

Тоа не може да го научи дома со мама и тато, ниту пак со баба и дедо, таквите нешта не се учат во изолирана и безбедна средина, се учат во реална средина од животот.

Нормално е детето да падне, да се повреди, да влезе во конфликт со останатите деца, да научи да споделува храна и пијалок, да научи да споделува играчки…. да научи да живее во една организација, а сите овие искуства ќе му помогнат да се развие во зрела и социјализирана личност.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....