22.8 C
Скопје
13:00 - 29 март, 2024

Семејство од Тетово преку песна ви порачува: Ти седи дома да не фатиш корона (ВИДЕО)

Брачниот пар Васко и Марија заедно со синот Никола смислија стихови посветени на превенцијата од ширењето на коронавирусот. Придржувајќи се до препораките да се седи дома, членовите на семејството Стојановски со креативен пристап решиле да го поминат дел од времето поминато во домот.

– Како и сите остануваме дома согласно препораките за да се спречи ширењето на коронавирусот. Мене ми е хоби свирењето на гитара, свирам за релаксација во друштво. Така настанаа стиховите и изведбата на гитара. Заедно со синот Никола кој треба да полни шест години и сопругата Марија ја изведуваме песничката во која зборуваме за седењето дома и превенција од корона. Го постиравме на фејсбук, но не очекувавме дека ќе добие толку голем публицитет, раскажува 36-годишниот Васко.

Видеото кое го споделила Марија на фејсбук добива илјадници допаѓања (лајкови).

Стиховите се:

Седите свите дома, дур не пројде вирус корона Тој не бира кого ќе пипне Сакајте се уживајте се и спијте

Седи дома, ооо ти седи дома, Ти седи дома, ооо ти седи дома,

Ти седи дома, да не фатиш корона, Тој е опасен нас, и само ова ние спас

Ти седи дома.

The post Семејство од Тетово преку песна ви порачува: Ти седи дома да не фатиш корона (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....