17.8 C
Скопје
13:29 - 20 април, 2024

Препукувања помеѓу Апасиев од Левица и Костадинов од СДСМ: Коки, имаш 48 часа да се извиниш – Димче, прошетај

Лидерот на Левица Димитер Апасиев преку фејсбук-објава бара извинување од претседателот на Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањето од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов, а доколку тоа не се случи во рок од 48 часа, најавува пријава за тужба против него.

Причината, како што пишува Апасиев, е објава на социјалните мрежи од страна на Костадинов со „лажна информација“ дека „Апасиев добил стан од ВМРО-ДПМНЕ“.

„Денес, од портпаролот на СДС на Нашата Земја – Костадин Костадинов, кој е и мој колега во Собранието на РМ, побарав повлекување на клеветничката изјава дека наводно ВМРО-ДПМНЕ ми го купил станот.
p.s. Коки, имаш 48 часа да се извиниш, друже – во спротивно тврдењето ќе треба да го докажеш пред суд.“, пишува Апасиев прикачувајќи документ со барање за јавно извинување и повлекување клеветничка изјава.

Почитуван колега Костадинов,

На ден 2 декември 2020 година (среда), на Вашиот официјален ЕБ профил, т.е. Фејсбук фан-пејџ сте објавиле клеветнички статус против мене, во кој – меѓудругото – дословно велите:

– Додека тој (Апасиев) троши државни пари, додека ВМРО-ДПМНЕ како што можевме да прочитаме, му купува станови, додека земал хонорари од СЈО, вие чекате тој да направи нешто согласно неговите можности како пратеник во Парламентот, за да ги подобри условите за живот на сите.

Жалам што, на ваков начин, морам да Ве потсетам дека, како автор на оваа
малициозна и клеветничка јавна изјава сте навеле ноторно невистинито тврдење
за потеклото на мојата имотна состојба, со намера мое свесно и злонамерно
дискредитирање во очите на јавноста.

Бидејќи Вие, како лице експонирано во јавноста (портпарол на владејачката партија СДС и пратеник во Собранието на РМ), преку личен пример, треба да внимавате на Вашето однесување – а во духот на градење идни стандарди и добри практики на аргументирана и цивилизирана демократска дебата ослободена од лаги, спинувања и тенденциозни манипулации – БАРАМ од Вас, во законски
предвидениот рок од 48 часа, јавно да се извините за изнесената намерна клевета против мене и истата да ја повлечете од етерот, на начин предвиден со Законот, пишува во документот што го објави Апасиев.

На ова, Костадинов кратко му реплицираше преку објава на неговиот твитер-профил:

„Денес, после барањето од колегата Димче Апасиев да му се извинам, сакам да му препорачам малку да излезе на воздух и да се прошета. пс.Димче нема да биде лошо да почнеш да доаѓаш на работа во Парламент, за што всушност земаш плата.“

Слични објави

Неделен хороскоп, од 22 до 28 април: Среќно небо за Овните, добра вест за Лавовите, љубовни искри за Водолиите…

еспресо

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо

Личниот живот им „пука“: Три хороскопски знаци наскоро ќе ја изгубат љубовта

еспресо

(Фото) Која е жената со генијален ум која го контролира секој потег на Тејлор Свифт: Не се одвојува од неа и нема свој живот, но затоа има милиони

еспресо
Се вчитува....