11.8 C
Скопје
21:37 - 28 март, 2024

283.000 граѓани ги чекаат своите 100 евра од државата

Граѓаните со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници викендов не успеаја да проверат дали ќе има парична помош за нив, според предвиденото со четвриот пакет мерки на владата.

Не се ажурирани ниту листите со фирми со македонски производи каде овие групи граѓани ќе можат да ги потрошат своите 100 евра парична помош за справување со последиците од ковид-19.

На интернет страницата kupuvamdomasno.gov.mk, според објавата, податоците се уште се ажурираат и покрај тоа што согласно Законот стои дека Генералниот секретаријат на Владата во рок од пет дена од денот на влегувањето во сила на овој закон на оваа интернет страница треба да го објави огласот за пријавување на правни и физички лица вршители на стопанска дејност за упис во Листа на даватели на македонски производи и македонски услуги.

Откако ќе се утврди дека ги исполнуваат условите сите тие исто така треба да бидат објавени на kupuvamdomasno.gov.mk. Граѓаните токму во тие дуќани ќе можат да купат со своја дебитна картичка на Пос терминал или Оn-line од картичката на која ќе ги добијат парите.

Во исчекување на парична помош се околу 283.000 граѓани и за нив државата ќе потроши 27 милиони евра.

Паричната помош од 6.000 денари овој пат треба да легне на трансакциската сметка на граѓените и ќе може да ја трошат преку постоечката дебитна картичка, зошто новина со четвртиот пакет мерки е тоа што нема да се печатат посебни, купувамдомашно – картички.

Граѓамоте кои немаат трансакциска сметка во банка или таа е блокирана од други причини, средствата ќе им бидат исплатени на трансакциска сметка која ќе треба да ја отворат кај една од банките која склучила договор со Владата, при што во овој случај банките ќе треба да издадат дебитна картичка од причина што примената финансиска поддршка може да се користи исклучиво со употреба на дебитна платежна картичка.

Постои ограничување дека парите нема може да се подигнуваат како готовина, туку само да се  плаќаат производи и услуги на физички и/или интернет (виртуелни) ПОС терминали.

Она што е важно и е дефинирано во законот е тоа дека пари не може да добијат лицата кои веќе користеа финансиска помош со картичките „Купувам домашно“, претходно годинава.

Парите кои ќе ги добијат граѓаните ќе треба да ги потрошат до 25 декември годинава.

Слични објави

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо

(Фото) Весна Змијанац бакна непознат маж: Помлад од неа и покриен со тетоважи

Еспресо
Се вчитува....