11.8 C
Скопје
19:12 - 19 април, 2024

Неговиот живот се уште е мистерија, со уметноста предизвика скандали, а денес се смета за еден од најдобрите сликари на сите времиња

Микеланџело Мериси, подоцна наречен Караваџо е роден на 29 септември 1571, во местото Караваџо во близина на Бергамо, во семејството Ферма, имал помлад брат кој станал свештеник. Детството го минал во Милано, но кугата повторно го вратила семејството во Караваџо.

фото Фејсбук

По смртта на Сфорца, семејството на Караваџо почнува да живее во сиромаштија. Првиот контакт со сликарството Караваџо го остварува во Милано на 13 години, во 1584., кога доаѓа кај малку познатиот ученик на Тицијан, Симоне Петерцана. Кај него останал четири години, а во 1592, заминува за Рим. Не е познато што се работел во Рим, но после некое време дошол во контакт со познатиот трговец на уметнички дела Д’Арепини, кој му овозможил да влезе во уметничките кругови на тогашниот Рим. Така го запознава и својот прв мецена, кардиналот Франческо Марија дел Монте, кој бил интелектуалец и дипломат, но и заштитник на многу, меѓу кои и Галилео. Кардиналот му овозможил на Караваџо самостална работа – сликање на капелата Контарели. По неа, Караваџо го сликал и таванот на вилата на кардиналот позната како Казино дел Аурора. Ова дело го прославило уметникот низ цел Рим. Во тој период Караваџо остварува некои од своите најпознати слики.

Фејсбук

Иако има премногу нарачки, Караваџо вечерите ги минувал по римските меани, во друштво на пропалици, приститутки и коцкари. Со немирен дух не се грижел многу за успехот кој му го носело сликарството. Од 1600., (кога на пример бил спален Џордано Бруно и инквизицијата била многу моќна), Караваџо бил познат и на полицијата бидејќи бил обвинуван за различни злодела и криминал. Се тврдело дека бил и друмси разбојник кој имал дружина со која ги ограбувал патниците. Истовремено, се до 1604., и понатаму е еден од омилените римски сликари чии религиозни теми и големи композиции го откривале неговиот талент во полна сила (Мачењето на Свети Матија и Крштевањето на Свети Петар). И двете слики истовремено биле многу контроверзни, како и Смртта на Девица Марија, за која модел му била една проститутка. Сликата Мадона, работена за базиликата Свети Петар му е одбиена.

Фејсбук

Во  април 1606, според полицискиот извештај кој е сочуван до денес, Караваџо е обвинет за убиство после тепачка. По него е распишана и потерница, а самиот папа го протерува од Рим, и тој заминува за Наполи. Таму продолжува да слика, а набрзо заминува за Малта каде го примаат многу моќните „Малтешки витези” а тој и самиот сака да стане витез, за на тој начин да се заштити. На Малта слика две главни дела за катедралата во Валета и два портрета на големиот мајстор на Редот. Станува витез, но новите проблеми со власта го водат во затвор и набрзо е исфрлен од Мелтешкиот ред. Повторно мора да бега. Заминува во Месина и Палермо. Иако болен, слика многу живи слики – Воскресението на Лазар и Раѓањето – слика која била украдена од олтарот во Палермо, а денес е една од најбараните исчезнати слики, проценета на 20 милиони долари.

На крајот на 1609., одлучува да се врати во Наполи и понатаму чекајќи да добие прошка од папата. За тоа време ја слика Давид и Голијат, каде го слика и својот последен автопортрет. Во овој период создава и некои од своите најдобри дела, ја слика и смртта, како да ја претчувствувал  дека се ближи. Одлучува со брод да оди во Рим. Веста за неговата смрт набрзо се проширува. Според една верзија ранет заминал на пат се симнал на Порто Ерколе во близина на Рим, место кое тогаш било под шпанска окупација, и неколку дена подоцна неговото тело е пронајдено на плажа. Според друга верзија, доживеал бродолом во близина на Рим, и неколку дена подоцна умрел од треска. Запишано е дури и дека умрел од маларија, што предизвика нови сомневања. Постоеше и објснување дека Караваџо се отрул од боите кои ги употребувал. Тој 18 јули 1610.,  како запишан датум на неговата смрт, Караваџо немал ни 40 години. По вестите за неговата смрт, папата го прогласил долго очекуваното проштевање.

профимедиа

Смртта на Караваџо и денес привлекува многу истражувачи и научници. Неодамна професорот Винченцо Пачели од Универзитетот во Наполи објави дека нашол доказ дека уметникот бил убиен од Малтешкиот ред поради освета. Според документите откриени во архивата на Ватикан неговото тело било фрлено во морето. Потврда на ова мислење е и фактот дека не се знае каде е погребан и дека со години се бара неговиот гроб. Сепак, теоријата дека се отрул со бои ја форсираат и научниците кои неодамна открија една гробница за која сметаат дека е на Караваџо, а во која нашле и голем процент на олово. Познато е дека во времето на Караваџо боите содржеле олово, а и насилниот карактер на Караваџо се смета дека е реакција на оловото.

Животот на Караваџо, како и смртта, само се една од мистериите на сликарството. Неговото сексуално определување исто така е предмет на многу истражувања. Неговото дело, до крајот на 19 век, не е многу ценето, а потоа е признаено како едно од најважните и најреволуционерни дела во историјата на сликарството. Тој создаде нов сликарски јазик, избирајќи ги за најсветите теми моделите од улицата, од кафеаните и јавните куќи, создавајќи театрален реализам во сликарството и утврдувајќи го местото на правецот подоцна наречен барок. Неговото влијание се смета за рамно на она на неговиот имењак, Микеланџело Буонароти.

Слични објави

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Познатата Касандра пристигнува во Србија и ќе игра со Биковиќ во „Јужен ветар 3“: Улогата е посебна приказна, ова се деталите

Еспресо

(Фото) На една рака носи 18.000 евра: Александра не штедела на себе, сите гледале во овој скап детаљ

Еспресо
Се вчитува....