6.8 C
Скопје
01:05 - 26 април, 2024

Го прашале Ајнштајн како e да се биде најпаметен човек на светот, a тој одговорил: Нe знам, прашајте го Никола Тесла

Алберт Ајнштајн, еден од најзначајните научници на 20 век, за време на неговиот живот не се сметал за најпаметниот човек на светот. Добитникот на Нобеловата награда сметал дека Никола Тесла е поинтелигентен од него.

Кога новинарите го прашале Ајнштајн како е да се биде најпаметниот човек на светот, тој одговорил: „Не знам, прашајте го Никола Тесла.“.

Двајцата светски научници не се согласувале околу прифатената теорија за релативност. Тесла, наводно, му испратил писмо на Ајнштајн со следниов текст: „Благодарен сум ти тебе и на другите затоа што преку вашите погрешни теории ги водите луѓето далеку од опасната рута што јас ја следам“.

Фото: Профимедиа

Тесла остро се противел на оваа теорија и велел дека е целосно бесмислена.

„Таа теорија ги собра сите грешки и невистини. Ги обвитка во прекрасен математички плик што го фасцинира и го привлекува набљудувачот. На таков начин што набљудувачите стануваат сосема слепи на она што е погрешно во теоријата. Теоријата за релативност е како просјак завиткан во пурпурна кралска наметка, затоа неинформираните го сметаат за крунисана глава“, рекол Тесла и заклучил дека ниту една претпоставка од теоријата на релативноста не е докажана.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....